Економија Кариера

Филантроп, трговец, инвеститор и финансиер… Џорџ Сорос наполни 89 години

Напишано од Mr. M

Американскиот инвеститор, филантроп, трговец и финансиер, Џорџ Сорос вчера наполни 89 години. Во текот на неговата кариера тој важи за една контроверзна личност и личност која има можност да ја уништи секоја економија во светот, а од друга страна па важи за еден од најголемите донатори кој голем дел од своето богатство го наменил за помош.

Некои Сорос го сметаат за бизнисмен кој лошо влијае на светот, а други пак за човек кој е пример за многумина.

Џорџ Сорс е познат по своите економски предвидувања па често се поставува прашањето дали е самиот тој вмешан во тие економски игри.

Тој е човекот кој го предвиде хаосот во Русија во 1998 година кога оваа земја доживеа економски колапс. Во своите белешки тој напишал дека Русија ја чека вистински економски пекол.

Во тој период тој ја предвиде и кризата во Азија, меѓутоа тој бил и учесник во тој процес и добро заработувал на неговите прогнози. Во текот на 90-тите години, економиите на Тајланд, Филипини, Малезија и Јужна Кореја активно привлекувале странски кредити и се равивале толку брзо што ја надминале границата на нормалното.

Во 1992 година, Сорос ја доби титулата за најголем виновник за кризата на Bank of England. Ова се само дел од контроверзиите поврзани со Сорос.

Во 2018 годоина тој веќе започна да говори дека светот ќе доживее нова глобална криза. Според него, светската економија нема да дозволи толкаво зајакнување на доларот, а како најголем кривец за оваа криза Сорос го спомена Доналд Трамп.

За авторот

Mr. M