Фитнес

FitDoctor: Влијанието на физичката активност врз расположението

Напишано од Пјер

Без да се задржувам на веќе добро познатите бенефити врз здравјето во смисол на кардиоваскуларен,ендокрин,коскено-мускулен,дигестивен систем и други,ќе пробам да објаснам како физичката активност влијае врз расположението.

За време на физичката активност во организмот се случуваат многу промени,а ние овде ќе се задржиме на лачењето на Ендорфините.Ендорфините(постојат 5 вида на ендорфини) се супстанции кои се лачат за време на физичка активност и тие имаат низа влијанија врз нашиот мозок-предизвикуваат чувство кое е слично на она кое го предизвикува морфинот,па така ја намалуваат болката,предизвикуваат чувство на еуфорија,имаат седативно и антидепресивно дејство.

Па следува прашањето-Каква и колку физичка активност е потребна за да се подигне нивото на овие супстанции?

Клиничките студии укажуваат дека најдобра физичка активност во нашиот случај би биле аеробните вежби-трчање,пешачење,пливање,играње и слично.Во однос на времетраењето,на ендорфините им требаат околу десетина минути за да почнат да се лачат,но полн ефект би имале кога активноста би траела триесетина минути. Значи,триесетина минути дневно за подобро здравје и расположение,самодоверба и подобар изглед.

MarioFit

За авторот

Пјер