Архитектура

Фотелја за уживателите на пури (ФОТО)

Напишано од The Gentleman

Постојат некои работи за кои сонуваме да ги имаме. Овој пат кога ќе ја погледнете оваа фотелја можеби ќе посакате да постанете уживател на пури. Станува збор за RA 1:15 фотелјата наменета за оние кои се страствени уживатели на пури. Родриго Гонзалес и Александар Сауер се главните виновници за оваа фотелја. Тие ја следеле филозофијата на Чарлс Имс во текот на процесот и ги ставиле потребите на корисникот на прво место во нивните размислувања. Едноставно и елегантно дизајнирана, со потпирачи кои како слајдови се поместуваат за да се открие одделот каде што можете да ги одржувате вашите пури. Дрвото бука која ја сочинува структурата на оваа фотелја е тапацирана со еколошки анилинска кожа.

Замислете си една ваква по дома да имате!?

За авторот

The Gentleman