Серии

Friday.mk предлог трилер серија која ќе ве занимава за празниците

Напишано од Пјер

Набрзо доаѓа месец Јануари, период од годината кога имаме малку повеќе време за пред екраните. Иако подобро е да одите на скијање и бордање, сепак оние кои остануваат во своите топли домови заслужуваат интересна предлог серија која ќе ги држи будни.

Наш трилер предлог е втората сезона од серијата Sinner. Нормално, кој не ја гледал и првата сезона, може да ги врзе двете. Првата, со главна улога на Џесика Бил, одлично ќе ви најави за каков тип на серија станува збор. Трилер, со нејасен крај, со бомбастичен неочекуван почеток кој веднаш ќе ве врзе пред телевизор. Но според нас, доколку сте расположени само за 8 епизоди и брза разонода, тогаш втората сезона е онаа која ви треба. Не се поврзани сезоните, така да оставаме на вас.

Трејлерот е во продолжение.

За авторот

Пјер