Успешни приказни

Friday.mk станува Gentleman Magazine

Напишано од The Gentleman

Во изминатите 6 години нашата цел, визија и мисија беше да креираме нешто ново на македонската онлајн мрежа, да направиме нешто кое ќе има вредност, кое ќе успее да изгради критична маса.

Го креиравме првиот онлајн магазин за мажи кај нас, кој успеа да направи големи промени на онлајн просторот. Friday.mk креираше простор кој е комплетно различен, простор кој не се бори за кликови, простор кој нуди квалитетна содржина и кој има за цел да развива проекти преку кои ќе славиме успеси на сите нас.

Во текот на нашето работење креиравме прва специјализирана онлајн продавница за мажи Friday Shop. Продавница која нуди голем број на асортиман за секој маж.

Успехот на нашата компанија продолжи да напредува, со тоа што успеавме да го реализираме и нашиот голем предизвик на кој работевме неколку години. Избор на Мажи на годината во Македонија. Настан кој стана симбол на успехот, настан кој ги препознава успесите на македонските мажи, македонските џентлмени. Официјалниот избор на Мажи на годината е настан препознаен од широката маса, голем број на компании изразија поддршка, голем број на институции. Овој настан и оваа година ќе ги прогласи најуспешните за 2020 година.

И така низ годините со вложен труд и максимална посветеност во развојот на хедонизмот и културата, модата, стилот, успехот,  влеговме во одредена фаза каде одлучивме дека е време да направиме промени. Промени кои ќе влијаат на едно подобро утре, за сите нас, за сите вас, фанови на нашиот магазин.

Наскоро нашиот и ваш Friday.mk станува Gentleman Magazine / Џентлмен Магазин.

Gentleman Magazine има за цел да ја продолжи успешната работа, да продолжи да промовира добри навики, да продолжи да ја развива машката култура, хедонизмот, и да пласира квалитетна содржина.

Како цреша на шлагот или круна на целокупната работа и посветеност е уште еден голем проект. Започнуваме ТВ емисија која ќе го носи истото име – Gentleman Magazine. Оваа емисија има за цел да ви ги претстави успешните македонски мажи од една друга страна, да промовира навики и стил на живот, да советува, да едуцира, да креира критична маса. Ќе имаме за цел да ја едуцираме јавноста за одредени сегменти кои се многу важни за еден Џентлмен. Емисијата ќе започне во месец октомври и ќе оди секоја недела на Македонската Радио Телевизија.

Но, тука не застануваме… многу скоро ќе ве изненадиме со уште нешто, многу квалитетно… нешто многу добро… нешто во кое ќе уживате.

Останете со нас, бидете џентлмени и читајте квалитетна содржина.

Тимот на Gentleman Magazine.

За авторот

The Gentleman