Стил

Фризурата на Џејмс Дин повторно популарна кај мажите низ светот

Напишано од Mr. M

Оној што знаеше и вешто се разбираше во стилот е секако еден од најдобрите актери на сите времиња, Џејмс Дин. Препознатлив по неговиот стил на коса, тој го создаде овој тренд, кој денес станува сè почест.

Почетокот на правење на оваа фризура е како и секој друг. Измијте ја па потоа додека е мокра нанесете пена за коса и гел на влажна коса, па сушењето е неопходно ако го сакате стилот на оваа фризура. Потоа, четкајте со чешел на задниот дел, и само кога повеќе од половина косата ќе ви биде исушена, повлечете ги жиците на косата напред и испрскајте ја со лак наменет за коса.

Оваа фризура е идеална за прослави и настани на кои сте поканети. Совршено се комбинира со костум но и со кожна јакна и фармерки.

За авторот

Mr. M