Технологија

Гаџети кои секој маж би ги сакал за подарок

Напишано од martin

Без разлика дали сте голем љубител или не, во животот, едноставно не можеме без технологијата. Во денешно време технологијата доминира во нашите животи. Од телефон, компјутери, па се до аларми кои не будат кога треба да станеме.

Еве неколку идеи од технологијата кои се добри за подарок за еден маж…

Бежичен полнач за телефон

Нема полошо од тоа кога телефонот ќе ви остане без батерија, а вие не сте дома. Тоа не треба да биде проблем повеќе!

Слушалки 

Секој сака да слуша музика или пак да гледа филм, без да го вознемируваат. Ако имате некој кој сака добри филмови и квалитетна музика, а често патува, тогаш слушалките се идеален избор.

Паметен часовник

Паметните часовници се доста корисни гаџети, особено за мажите. Освен што ви го покажува времето, може да ве известува со важни нотификации и на него има голем број корисни апликации.

За авторот

martin