Економија

GARAGE SALE во Ramstore Мall (03.02-12.02.2021)

Напишано од The Gentleman

Ја започнуваме годината со нешто убаво, ја започнуваме годината со нашиот и ваш омилен настан Garage Sale!

Во периодот од 03.02 до 12.02, посетителите на Ramstore Mall и најголемите зависници од шопинг ќе кријат насмевки под своите маски, затоа што започнува периодот на најголемите попусти.

Одлична можност да се подновите со долго посакуваното модно парче, апарат за домаќинство, играчки за вашите најмили…  Подгответе си листа на желби и план за пазарување, затоа што во продавниците низ Ramstore Mall ќе најдете буквално сè и сето тоа по намалени цени до неверојатни 70%.

Оваа година, со цел запазување на протоколите за заштита од корона вирусот Ramstore Mall ги замолува потрошувачите да внимаваат на сите здравствени протоколи и да ги почитуваат сите мерки. Затоа бидете одгoворни, носете маска, држете растојание, редовно дезинфицирајте ги вашите раце и уживајте во одличниот шопинг во Ramstore Мall.

За авторот

The Gentleman