Успешни приказни

GENTLEMAN MAGAZINE – Прв ТВ магазин за мажи кај нас

Напишано од The Gentleman

Наскоро започнува Gentleman Magazine на МРТ

Кога ќе погледнеме наназад низ времето од историска гледна точка, зборот џентлмен потекнува уште од 17 век пред Француската револуција. Тој доаѓа од францускиот збор “ЖАНТИЈЕМ” кој имал многу прецизно значење, а претставувало благодарница или титула која се доделувала на оние кои биле добри по нешто.

Во светот денеска, Џентлмен претставува  човек кој е со манири и учтиво однесување. Оваа дефиниције онаа која ние најмногу ја почитуваме, бидејќи нашата главна цел е да го покажеме вистинското џентлменство кај нас.

Живееме во едно време во кое многумина заборавиле што значи зборот Џентлмен. Време во кое луѓето ги заборавиле основните начела на доброто однесување и негувањето на добрите навики. Последните неколку години, зборот џентлмен како повторно да го изгуби своето значење.  Денеска луѓето за џентлмен го сметаат оној кој се облекува елегантно и оној кој сеуште го почитува традиционалниот стил. Носи вратоврска, костум, џебно марамче итн. Ова е еден погрешен начин на кој што луѓето го толкуваат овој збор.

Постојат луѓе кои можат да бидат најдобро облечени, да носат скапи парчиња на гардероба, но тоа во ниту еден момент не ги прави нив џентлмени. Дали тие луѓе имаат добро и примерно однесување? Дали се образовани и дали имаат манири кои што ги негуваат?

Има една изрека која што најдобро го објаснува овој момент, а таа гласи вака:

“Да се биде машко зависи од шансите, да се биде маж зависи од годините, но да се биде џентлмен е тоа е избор!“

Вие избирате дали ќе бидете џентлмени!

Ќе ви покажеме еден реален пример кој што доловува што значи да се биде џентлмен. Сигурно многумина од вас сте слушнале за Хуберт де Живенши. Тој е основачот на модниот бренд Живенши. Постои една позната фотографија во која може да се види како Хуберт де Живенши шета со неговата тогашна девојка познатата Одри Хепбурн низ Париз.

Навистина преубава фотографија. Хуберт де Живенши важел за еден од најелегантните луѓе во историјата и бил познат по неговите манири. Во оваа фотографија ќе можете да видите дека фокусот не е воопшто во господинот Живенши, фокусот е во неговата понежна половина. Ова го зборуваме поради тоа што денеска некои работи се целосно измешани. Денеска многу од луѓето со нивното облекување и однесување сакаат да импресионираат некого и да привлечат внимание, а тоа е сосема спротивното од тоа како еден џентлмен треба да се однесува.

Денеска живееме во еден свет каде се изгради мислење дека треба да бидеме силни, квалитетни и побрзи од сите други, но без разлика на тоа, не смееме да заборавиме дека љубезноста е нешто кое што никогаш не изумира.

Затоа со гордост ви го најавуваме големиот проект наречен Gentleman Magazine / Џентлмен Магазин кој ќе започне наскоро на МРТ секоја недела. Емисија која ќе ве однесе во светот на добрите навики, во светот на културата, модата, во светот на хедонизмот, во светот на ЏЕНТЛМЕНИТЕ.

Џентлмен Магазин е прв ТВ магазин кој има за цел да ги презентира македонските успешни мажи, мажи кои направиле голем придонес во одредени сегменти.

Затоа бидете со нас и Gentleman Magazine на МРТ секоја недела.

За авторот

The Gentleman