Автомобили

Германците ја прекинаа доминацијата на Тесла во електричните возила

Напишано од Mr. M

Електричните автомобили „Тесла“ се веројатно најбараните на пазарот и со години се сметаат за најдобри, но сега се симнати од тронот. Британската јавност се согласува со објавувањето на „The Sun“ дека овој електричен автомобил е феноменален, дури и најдобриот на пазарот. Тоа е електричниот адут на германскиот производител, Porsche Taycan.

Тесла беше првата компанија што започна со масовно производство на електрични возила, па затоа ги „принудија“ другите големи производители да започнат со развој на своите електрични возила. Електричните автомобили од оваа американска компанија се веројатно најбараните на пазарот и со години се сметаат за најдобри, но се чини дека Порше го има она што е потребно за да ги тргне од тронот. Моделот Тајкан, кој беше оценет како најдобар на светот, сега како да ги освојува срцата на оние љубители на електрични автомобили.

Автомобилот е одличен за возење, а она што го прави супериорен во однос на Tesla е тој допир на германските инженери.

За авторот

Mr. M