Метрополи

Гетеборг – зимски рај за љубителите на снегот и уметноста

Напишано од Mr. N

Гетеборг е место кое ви нуди разновиден избор на забавни активности во текот на зимскиот период.

Овој неверојатен град во текот на зимата претставува главна туристичка атракција во Шведска, особено забавниот парк Лисеберг. Во зимскиот период, овој град се трансформира во неверојатно место за забава и уметност, што го прави идеално за одмор во зима.

Претставува втор најголем град во Шведска, кој е лоциран на западниот брег. За брзо време, овој град стана центар за иновација во Шведска. За новогодишниот период, Гетеборг е украсен со преку 700 новогодишни елки, милион светилки во различни бои, прекрасни Шведски декорации, производи и поклони. Имаат широк асортиман на храна, од домашни специјалитети (мариниран харинг), па се до вкусни ирваси кои ги нуди самиот народ.

За љубителите на уметноста и архитектурата, Васатан и Хага претставуваат главни дестинации кои се збогатени со рачно изработени дизајни од познати Шведски архитекти. Овој град е добро поврзан со останатите градови во Шведска, како и со државите Норвешка и Данска, така да превозот не претставува никаков проблем.

Уживајте во прекрасната галерија во продолжение!!

За авторот

Mr. N