Мода

Giorgio Armani со нова кампања за есен/зима 2018

Напишано од martin

Оваа година еден од најпознатите италијански брендови нуди нешто ново за ладната сезона од годината. Денеска за прв пат ќе ви ја претставиме рекламната кампања за есен/зима 2018 година и дел од фотографиите кои ја покажуваат постојаната потрага по елеганција.

Самата колекција ќе биде позната по богатите текстури и графичките дизајни. Целата колекција е осврт на се она што се случило во претходните години, а во неа ќе содржи фантастични кожни јакни, панталони, карирани сакоа, капути, џемпери, и нормално секојдневните машки аксесоари.

 

За авторот

martin