Автомобили

Го имаме првиот електричен Harley-Davidson мотор

Напишано од Mr. M

Harley-Davidson, компанијата која важи за една од најдобрите во мотоцикл индустрија во последните 115 години, го претстави својот прв електричен Harley-Davidson мотор на Consumer Electronics Show во Лас Вегас.

LiveWire ™, првиот електричен мотоцикл на Harley-Davidson веќе е започнат со продажба и него може да го нарачате, но испораката ќе започне малку подоцна оваа година.

LiveWire е иднината на Harley-Davidson и доаѓа со high-performance електричен погон, одличен дизајн и е целосно поврзан со модерниот возач преку неговиот телефон. Првиот модел од новото портфолио мотоцикли, кои ќе обезбедат целосно ново искуство на две тркала, имено LiveWire ™, ќе импресионира со секавично забрзување, остро однесување, квалитетни материјали и целосен сет на електронски системи за помош на возачот, како и интерфејс за целосна поврзаност.

За авторот

Mr. M