Настани

Голем интерес за книгата “Будење на свеста” од Катерина Ангеловска и Радован Витошевиќ на франкфуртскиот саем

Напишано од Пјер

Книгата „Будење на свеста“ од Катерина Ангеловска и Радован Витошевиќ оваа недела беше промовирана на годинашниот Саем на книгата во Франкфурт. Промоцијата на англиската верзија која има за цел да го освојува светот побуди голем интерес кај посетителите. Според авторите на книгата овој саем претставува прв чекор во она кое ќе следи во наредниот период.

“Среќни сме што нашата промоција на англиското издание “Awakening Consciousness” е токму овде во Франкфурт на еден од најголемите саеми на книгата во светот каде изложувачи се огромен број на автори. Нашата книга која е водич за лична и колективна преобраза побуди голем интерес кај публиката и впечатоците ни се огромни. Во овие два дена колку што сме тука успеавме да оствариме контакти со голем број на светски издавачки компании кои ни даваат голем ветар во иднина за големи соработки” – изјавија авторите Катерина Ангеловска и Радован Витошевиќ

Книгата „Будење на свеста“ беше објавена на почетокот на оваа година, и достигна голем интерес кај македонската публика, и до сега се продадени над 2000 книги. Книгата „Будење на свеста“ е водич за лична и колективна преобразба. Авантура испреплетена со универзални знаења кои ќе ви овозможат да се спознаете себеси вистински, да се разбудите и свесно да креирате. Секој збор, секоја мисла во оваа книга е како нуркање во најдлабоките, најмагичните и најисцелувачките ритуали на постоењето. – велат Катерина и Радован.

 

За авторот

Пјер