Економија

Google компанијата со незапирлив раст

Напишано од Mr. M

Еден од најпознатите технолошки настани во светот кој ќе се одржи во Калифорнија, набргу се наближува. Станува збор I/O конференцијата која е организирана од Google. На оваа конференција ќе се соберат девелопери од целиот свет како би соработувале во работилниците заедно со експерти од Google. Освен тоа, тие ќе бидат меѓу првите кои ќе ги дознаат иновациите кои што компанијата ги планира за следниот период.

После толку многу години на пазарот, Google и натаму е број еден во својата област, а воедно и втора највердна компанија во светот. Основата на која доминира компанијата е интернет пребарувањето. Околу 90 % од сите пребарувања на интернет се случуваат преку Google.

Тоа е причината поради која најголемиот дел од приходите на Google доаѓаат од рекламите.

Она што е доста интересно за една ваква компанија е што работнтото време е доста флексибилно, па многу често се случува дел да работат и во вечерните часови. Освен тоа, компанијата е pet friendly па вработените може да си ги донесат своите миленици.

Кога станува збор за иновациите, компанијата не планира да застане. Една од нив е Google Lens, апликацијата која ви овозможува паметниот телефон да работи како визуелен пребарувач. Ова е само еден мал дел што не очекува од Google.

За авторот

Mr. M