Апликации

Google Play апликациите се целосно безбедни… Мит или вистина?

Напишано од Mr. N

Секогаш препорачуваме симнување на Android апликации од официјални продавници и од ниедно друго место.

Но, тоа не значи дека нема вируси на Google Play. Вистина е дека ги има помалку на официјалната страница отколку на некои трети страници, затоа што се отстрануваат редовно.

Како Google ја контролира безбедноста на Android апликациите

Не е лесно некој злонамерен софтвер да дојде до Google Play. Пред да се објави една апликација, модераторите проверуваат дали исполнува цела низа барања. Ако откријат дека прекршува некое од нив, ќе ја тргнат програмата од продавницата.

Огласи кои не сакате да ги гледате

Неодамна, нашите истражувачи детектираа малициозен софтвер во апликацијата CamScanner за дигитализација на документи. Не само што апликацијата беше достапна на Google Play, туку, според податоците на продавницата, била инсталирана повеќе од 100 милиони пати.

Што се случило? Сѐдо одреден момент CamScanner била нормална апликација која ја вршела наведената функција. Нејзините девелопери добивале приходи од реклами и посебни платени опции, што е сосема нормално. Но, тоа се сменило која во апликацијата бил додаден малициозен адвертајзинг модул.

Крадец-програма за слушање музика

CamScanner не е единствениот пример за апликација која после некое време на Google Play Ѕtore добила малициозни додатоци. Креаторите на Trojan маскирале малициозен софтвер како програма за слушање музика во VKontakte (VK) и успеале да ги прелажат модераторите на продавницата неколку години со ред.

Значи, дали е факт или фикција дека нема малициозни апликации на Google Play? Фикција. Малциозниот софтвер може да се инфилтрира Google Play. Ризикот од инфицирање на официјалната Android продавница е многу помал отколку на друга страница, но сепак постои.

За авторот

Mr. N