Метрополи

10 градови во кои живеат најголемите фраери

Напишано од The Gentleman

Екипата на Traveler’s Digest состави листа од 10 града во која живеат најголемите фраери во светот. На следната листа се надеваме дека ќе го видиме барем Скопје.

1. Стокхолм (Шведска) – постои стереотип за нив дека се емотивно дистанцирани, но естетски гледано нивниот висок и силен нордиски стил е еден од најпосакуваните во светот.

2. Њујорк (САД) – сигурно дел од најмодерните мажи се наоѓаат тука.

3. Амстердам (Холандија) – Љубезни, комуникативни, софистицирани. Прави џентлмени.

4. Лисабон (Португалија) – Сестрани и добро образовани. Во главно се доста високи, спортски градени и харизматични. Не треба ништо повеќе нели?

5. Буенос Аирес (Аргентина) – Секси, фанови на спортот и добро образовани. Секако, едни од оние кои владеат на подиумот со своите танцови вештини.

6. Сиднеј (Австралија) – Шармантни, духовити и интелегентни. Но најбитното на кое паѓаат жените е нивниот интересен акцент.

7. Мадрид (Шпанија) – Модерен шарм и романтика…

8. Берлин (Германија) – Оригиналност, интелегенција и авантуристички дух. Сите знаеме дека Берлин е градот на културата и слободното изразување.

9. Милано (Италија) – Најголемите шмекери во светот се дел од најмодерната метропола во светот.

10. Тел Авив (Израел) – Медитерански тип на мажи полни со самодоверба, шарм и убавина.

За авторот

The Gentleman