Нега и одржување

Грешки кои ги прават мажите во негата на косата

Напишано од Mr. M

На прв поглед изгледа се едноставно, но според експертите сеуште постојат многу мажи кои погрешно ја негуваат својата коса. Еве кои грешки најчесто ги прават мажите при негата на косата.

Тие користат шампони со ефект два во еден. Ова важи за сериозна грешка пред се од билошка страна. Секое влакно на главата е прекриено со кутикула која што се отвара со помош на шампонот со цел добро да се измие. Додека работата на кондиционерот е да ги затвори кутикулите, затоа кога користите шампон регенератор, тогаш нема да имате ефект. Едноставно е, секогаш косата прво измијте ја со шампон, па потоа нанесете некој друг препарат.

Можеби имате супер негувана и средена коса, но можеби типот на фризурата која ја носите не одговара на Вашиот изглед и стил. Пронајдете фризура која припаѓа на Вашиот стил и Вашиот облик на главата.

Користите премногу препарати за обликување на косата. Без разлика што и да користите за да ја наместите косата или да направите да изгледа почисто и да мириса убаво, едноствно можете да претерате. Од премногу користење на препарати, се случува косата а го изгуби својот сјај. Со ниту еден продукт што го користите не треба да претеруваме.

Уште една голема грешка што ја прават мажите е што сакаат да ја прикријат ќелавоста ако другите делови на косата ги пуштат да бидат подолги. Откажете се од тие обиди и помирете се со ситуацијата. Ако вашата коса е најмала на темето, тогаш скратите ја колку што можете повеќе.

DL_Multifresh_300x250.jpg

За авторот

Mr. M