Кариера

Грешки кои најчесто ги прават младите вработени

Напишано од Пјер

Со вработувањето доаѓаат сигурноста и мирот, но не престанува учењето. Всушност, учењето е на самиот почеток. За да не бидете дел од оние кои прават почетнички грешки од првиот работен ден, порталот „Ehow“ ви претставува седум најчести грешки кои ги прават младите луѓе кога ќе се вработат.

1. Страв

Без оглед дали станува збор за барање на покачување, изразување на сопственото мислење или предложување на нови идеи, младите луѓе често имаат страв поради недостатокот на искуство. Многу е важно да ја поминете таа фаза и да стекнете доволно самодоверба. Нормално е да постои трема бидејќи недостасува искуството, но тоа не значи дека вашата вредност е помала.

2. Премногу алкохол

Без разлика колку работната атмосфера е опуштена, не заборавајте дека сте на работа. Премногу да се опуштите и да се напиете за време на паузата за ручек или на деловниот состанок е непрофесионално.

3. Несоодветно однесување

Колку и да мислите дека останатите колеги не ве гледаат, се лажете. И вашата работна маса се наоѓа во истата област каде што се наоѓаат и вашите колеги. При самото движење колегите лесно ќе забележат дали на вашиот компјутер е вклучена некоја социјална мрежа или навистина го работите тоа за што сте платени.

4. Несоодветна облека

Понекогаш е тешко да изгледате професионално кога имате младолико лице. А уште полошо е да дојдете на работа несоодветно облечени. Ако сакате сериозно да ве сфатат, облечете се соодветно.

5. Озборување

Без разлика колку е добар вашиот однос со одреден колега, никогаш не коментирајте за другите. Малиот трач може да ве доближи до некој, но поверојатно е дека ќе ви наштети. Озборувањето оставете го за дома.

6. Доцнење

Ако доцните луѓето ќе ве сметаат за неодговорни и несериозни. Подобро е да тргнете 10 минути порано отколку да закасните. Всушност, вие сте платени да одработите одреден број на часови.

7. Паметување

Без разлика колку е лошо да молчите и да се плашите да го покажете својот став, лошо е и да се правите паметени. За жал, теоријата и праксата често не се поврзани, па најчесто она што сте го научиле преку своето образование, во пракса ќе биде потполно поинакво. Добро е да го покажете својот став, но внимавајте тоа да не го сторите на арогантен начин.

За авторот

Пјер