Настани

„Gulf oil“ донираше нафта за Бигорскиот манастир и за женскиот манастир „Рајчица“

Напишано од Mr. M

Нафтената компанија „Gulf oil“ донираше нафта во вредност од 1.200.000 денари за потребите на Бигорскиот манастир, „Св. Јован Крстител“, и за женскиот манастир „Рајчица“. Компанијата, која е присутна на македонскиот пазар од 2017 година, преку стратешкото партнерство со „Супертрејд“, за оваа донација вели дека е само продолжување на корпоративната политика за општествена одговорност на компанијата.

“Среќни сме што преку нашето работење можеме да помагаме во заедницата на различни начини и да ја покажеме нашата грижа и вклученост во градењето еднакви можности за сите. Со оваа донација се погриживме сите оние кои бараат прибежиште во овие манастири да имаат нормални услови за живот и подготвено и топло да ја дочекаат зимата, која знае да биде доста сурова, особено во овој регион. Нашата компанија и во наредниот период, како и досега, ќе продолжи да помага и да создава можности онаму каде што тие се најпотребни” – изјави Владимир Стајиќ, генерален менаџер на „Gulf oil“ во Македонија.

Донацијата во нафта е во вредност од повеќе од 1.200.000 денари и е за потребите на Бигорскиот манастир и за манастирот „Рајчица“ за нормално функционирање во текот на целата зима.

За авторот

Mr. M