Метрополи

Халк Корнерот во ТЦ Лептокарија, обезбеден од страна на Халкбанк, е веќе на располагање на граѓаните

Напишано од The Gentleman

Халк Корнерот во ТЦ Лептокарија, обезбеден од страна на Халкбанк, е веќе на располагање на граѓаните

Вчера, официјално завршија активностите околу уредувањето на зелениот корнер, на десната страна од популарната „коцка“ во средината на ТЦ Лептокарија. Уредувањето на овој јавен простор е под покровителство на Халкбанк АД Скопје, во склоп на активностите од платформата HalkEco, чија цел е заштита и унапредување на животната средина, создавање здрави навики кај населението и подигање на еколошката свест и грижа за околината.

Халк корнерот е опремен со ново зеленило, урбана опрема, неколку реквизити за деца, соодветна подлога, како и систем за наводнување. Двомесечните подготовки на ова ново урбанизирано катче резултираа со ново место за дружба, наменето за сите возрасти. Со ова дополнително се оплеменува и разубавува градскиот пејзаж на една од најфреквентните локации во скопската Општина Карпош.

По повод отворањето на овој корнер во главниот град, Халкбанк вчера организираше и симболична дружба, пријатна музика и честење за жителите на оваа населба.

„Се надеваме дека ова место ќе донесе многу убави моменти, дружби и ќе биде место кое ќе создаде многу спомени. Со желба да направиме и придонесеме повеќе за нашето општество, напорно работиме на збогатување на активностите во склоп на HalkEco платформата. Освен редовното доделување на наградите од HalkEco апликацијата и хронометар трките кои се одржаа во текот на летото, организиравме пошумување на делови во државата каде тоа беше најпотребно, ја поставивме првата еко автобуска постојка и целосно ги реновиравме мостовите во Градскиот Парк. Овој корнер е наша нова HalkEco гордост“– велат од дирекцијата за односи со јавност во банката.

За авторот

The Gentleman