Економија

Халкбанк АД Скопје покажа дека луѓето се важни. Одложување на наплата на кредитни обврски за 6 месеци

Напишано од Mr. M

ОДЛОЖУВАЊЕ НА НАПЛАТА НА КРЕДИТНИ ОБВРСКИ ЗА СИТЕ ФИЗИЧКИ ЛИЦА – КЛИЕНТИ НА ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ ЗА 6 МЕСЕЦИ

Поаѓајќи од фактот дека нема поединец или семејства кои не се засегнати од кризата предизвикана поради пандемијата од вирусот COVID – 19 и водејќи се од своето основно начело “ВАЖНИ СЕ ЛУЃЕТО”,  ХАЛКБАНК АД Скопје објави понуда до сите свои клиенти – физички лица кои имаат кредитна изложеност во Банката со класификација А, Б и В редовни на датум 29.02.2020 година.

Понудата се однесува на сите клиенти на Банката физички лица кои немаат нефункционална изложеност и истата опфаќа одлагање на отплатата на сите кредитни обврски (кредити, кредитни картички и дозволени пречекорувања на трансакциска сметка) за период од 6 месеци и продолжување на рокот на крајното достасување за дополнителни 6 месеци.

Со ова Халкбанк АД Скопје уште еднаш покажа дека луѓето за нив се навистина важни и дека грижата кон нивните клиенти е нивнито приоритет. Браво за ХалкБанк. Единствени што покажаа како се води грижа за своите корисници! Секоја чест.

Повеќе информации околу оваа понуда можете да видите на следниот линк.

Браво за Халкбанк. Единствени што покажаа како се води грижа за своите корисници! Секоја чест.

 

За авторот

Mr. M