Најново

HarmonyОS: Huawei го претстави новиот концепт на поврзување за поедноставен живот

Напишано од The Gentleman
[Шенжен, Кина, 7 април 2021 година] Д-р Ванг Ченглу, претседател на одделот за софтвер инженерингза потрошувачи на Huawei БГ и директор на деловна единица „AI and All-scenario Intelligence Business“, одржа говор на настанотTEDxHouHai, насловен: „HarmonyOS Connecting to a Simpler Life“. За време на овој говор, тој посочи дека индустријата за мобилен интернет, чиј фокус се паметните телефони, влезе во преоден период. Тој исто така говореше за тоа како брзиот развој на „интернетот на наштата“ (IoT)ќе претставува историска можност за трансформација на индустријата. Покрај тоа, д-р Ванг повика на соработка помеѓу сите играчи кои се дел од истата со цел да се изгради просперитетен нов екосистем и заедно да ја прифатиме ерата на мобилниот интернет.

Технологијата ги менува животите и ги негува соништата

“Технологијата има моќ да го смени светот. Кога бев мал, мојот сон беше да можам да гледам филмови дома, а тоа сега е можно насекаде. Брзиот развој на мобилниот интернет ги овозможи и поттикнаплаќањата без готовина, купувањето преку интернет и повикувањето на кола и возач преку паметните телефони, а сето тоа длабоко ги промени нашите животи“, рече д-р Ванг.

„Но, јасно е дека индустријата за мобилни Интернет, која е фокусирана на мобилните телефони, е под притисок“. Д-р Ванг продолжи: „Глобалните испораки на паметни телефони започнаа да се намалуваат во 2018 година и забележаа намалување на годишно ниво за околу 6% во 2020 година. Покрај тоа, просечното време што потрошувачите го поминуваат на своите мобилни телефони секој ден остана меѓу четири и пет часа од 2018 година, што укажува на тоа дека индустријата достигна критична точка и мора да се трансформира “.

“Кои се можностите за развој за следната ера? Нашата потрага по технолошка иновација никогаш не завршува. Со тоа што корисниците поседуваат сè поинтелигентни уреди, сакаме да им овозможимеовие уреди да соработуваат едни со други поефикасно наместо да работат во изолација, исто како и луѓето што можат да комуницираат едни со други. Целта е да се направи сеприсутната поврзаност реалност и да се трансформираат повеќе интелигентни уреди во ЕДЕН паметен асистент.”

„На пример, откако паметниот часовник ќе забележи дека корисникот заспал, светлата во просторијата автоматски ќе се исклучат и климатизерот автоматски ќе ја прилагоди температурата за да создаде поудобна околина за спиење. Искуството ќе биде исто како да имате посветен помошник дома. Опремата за вежбање поврзана со апарат кој го носите на себе може да послужи како ваш личен тренер, обезбедувајќи научни совети за вежби и сеопфатни анализи на податоци во реално време.”

„Но, бидејќи различни уреди работат на различни оперативни системи, тешко е да се поврзат, а камоли да се постигне интелигенција. За да се реализира поврзан начин на живот, уредите мора да комуницираат на еден заеднички јазик “.

HarmonyOS дозволува уредите да комуницираат на еден јазик

Како оперативен систем од следната генерација, HarmonyOS им овозможува на повеќе паметни уреди да се поврзат и да соработуваат на еден јазик. HarmonyOS ќе овозможи различни уреди да се поврзуваат и да соработуваат едни со други повеќе од кога и да било досега, обезбедувајќи непречено користење, лесно за корисникот низ сите уреди.

HarmonyOS исто така ја води интелигентната надградба на производителите на хардвер и привлекува поголем сообраќај и кон другите паметни уреди, не само мобилните телефони. Овие активности ја поттикнуваат интелигентната и дигитална трансформација на индустриите.

Д-р Ванг рече дека Huawei има за цел HarmonyOS да работи на 300 милиони уреди оваа година и се надева на соработка со партнери во индустријата за создавање на робустен екосистем околу HarmonyOS. Ова ќе им помогне на повеќе луѓе да ги реализираат своите соништа преку технологијата и да им донесе на потрошувачите поедноставен и подобар живот.

За авторот

The Gentleman