Водич за готвење

Храна која нутриционистите не ја препорачуваат

Напишано од Mr. N

Нутриционистите имаат една цел, а тоа е да ви помогнат и објаснат која храна е штетна, а која е корисна за организмот. Иако тие кажуваат дека секоја намирница има свои предности и слабости и дека исхраната треба да биде разновидна и умерена, тие мислат дека постојат намирници кои треба да се избегнуваат или пак да се консумираат несекојдневно.

Доколку сакате да бидете здрави, долговечни и да имате совршена маса, тогаш следниве намирници не треба да бидат дел од вашата секојдневна исхрана.

Овошен јогурт

Овошните јогурти се вкусни и слатки, но содржат голема количина на шеќер која никако не е корисна за вашиот организам.

Магдонос

Голем дел од луѓето не знаат дека магдоносот може да биде отровен. Неискусните кувари не треба да го користат во салатите или пак да го комбинираат со мајонез и други сосеви, бидејќи ако не се припреми добро, тој лачи штетни нитрати кои негативно влијаат на организмот.

Сосеви

Сосевите исто така содржат големи количини на шеќер, но и нездрави состојки кои штетно влијаат на вашиот организам (дијабетис).

Пченка

Иако сите знаеме дека пченката е здрава, поради користење на голема количина на хемикалии, таа станува нездрава и содржи поголема количина на хемикалии во однос на витамини. Нутриционистите советуваат да консумирате пченка само од луѓе на кои им верувате и кои не користат пестициди или GMO состојки.

Суво овошје

Досега заклучивте дека нутриционистите не препорачуваат шеќер, односно причината поради која не го преферираат шеќерот е сувото овошје. Сувото овошје може да се консумира во мали количини, но не секојдневно.

 

 

 

За авторот

Mr. N