Нега и одржување

Храна од која брзо стареете

Напишано од The Gentleman

Храната е пола здравје, така барем се нарекува. Зошто е тоа така? Затоа што е многу важно што јадете, особено во ова време кога има процесирана храна на секој чекор, и живееме во стресно време, кога сме презафатени со обврски, трка за пари, и сме постојано под напон.

Затоа е важно да се храниме здраво, да вежбаме и да гледаме да намалиме со стресот кој ни го носи секојдневието. Доколку се храните здраво, верувајте ни дека ќе осетите голема промена кај секо од вас, на позитивно, иако на почетокот додека стекнете навика ќе посакате да се откажете од добрите намери.

Еве кои видови на храна ќе направат да остарете побрзо.

МАРГАРИН

Нема нешто поштетно од маргарин. Иако некој ќе каже користете путер наместо маргарин, и тоа не е сосема исправно. Секој намаз е полн со масти кои се штетни за вашиот организам.

ХРАНА ПРИГОТВЕНА ВО МИКРОБРАНОВА ПЕЧКА

Полуготова храна која само фали да се стави во микробранова е нешто лесно и брзо и на сите ни одговара, но таа храна е многу штетна и има големо количество на сол. Вишокот на сол во организмот ги задржува течностите во организамот и ве дебелеат.

ЕНЕРГЕТСКИ ПИЈАЛОЦИ

Знаат да бидат навистина делотворни да ве задржат будни поради големото количество на шекери и кофеин, но наместо тоа легнете си порано, наспијте се како луѓе. Срцето сепак е најважен мускул во телото и чувајте го.

БЛАГО

Благото е една од најштетните работи кои можете да ги внесете во организмот. Дури и премногу овошје не е на арно. Шекерот е најголем причинител за рак и шекерна болест.

ЛЕБ И ТЕСТЕНИНИ

Бело брашно е убиец на човекот, така велат многу нутриционисти. Исфрлете ги од вашето мени и ќе видите дека не се далеку од вистината.

АЛКОХОЛ

Не мора да се откажете комплетно, но правете го тоа умерено.Избегнувајте ракија, виски, коктели, пијалоци кои имаат многу шекер и пијте пиво, вино или шампањ.

 

За авторот

The Gentleman