Технологија

HUAWEI FREEBUDS 4i – Компактни и моќни слушалки за љубителите на модерното и корисно

Напишано од Mr. M

Huawei неодамна лансираше навистина интересни безжични слушалки со ANC супресија на бучавата за евтина цена. Слушалките Huawei Freebuds 4i можеме да кажеме дека на секој од вас ќе ви го привлечат вниманието. А зошто е тоа така, дознајте преку нашата рецензија или анализа на продуктот.

Зборот Freebuds најверојатно ви звучи познато, што не би не ни чудело, бидејќи пред овој модел имавме Freebuds 3i. Тоа се повторно типичните TWS in-ear слушалки кои ни доаѓаат со кутија за носење и полнач. Имаат одличен дизајн и финиш на обработка, а доаѓаат во црна, бела и црвена боја.

Кутијата е опремена со USB C порт за полнење, ЛЕД индикатор и копче за конектирање или поврзување.

Самите слушалки се опремени со релативно долг врат, со јаки магнети и микрофон на дното, како и со силиконски чепови на врвот. Благодарејќи на нив, тие се сигурно при носењето и одлично стојат на вашите уши, а и одлично ја спречуваат бучавата од надворешните звуци од околината, со што ќе имате можност да уживате во омилената музика.

Слушалките се екстра лесни и удобни, секоја има по три микрофони, пин за полнење и сензори за контрола на јачината на музиката.

Со двојно типкање по левата или десната слушалка можете да стартувате или да паузирате музика, да примите повик или да прекинете, а и да го контролирате звукот. Освен двојно типкање, можете и да држите подолго за одредени функции. Секоја слушалка се подесува преку апликацијата Huawei AI Life на телефонот кој ви е поврзан. Единствено нешто кое што можеби фали е што со вадење на слушалка автоматски не се паузира музиката, а со враќање назад не продолжува. Но, не е тоа страшно, ако знаеме дека имаат одличен звук.

За квалитетот на звукот при слушање музика или при телефонски разговор се грижат 10мм звучници (dynamic driver), по два микрофони на секоја слушалка и ANC. Супресијата на бучавата се контролира на три нивоа вклучено, исклучено и “свесно”. Оваа трета опција нуди некаков сразмерен звук помеѓу музиката и надворешната бучава, што е идеално при возење на велосипед.

ANC-то е прилично добро за слушалки во овој ценовен ранг. Не е толку квалитетен како што е на  Freebuds Pro слушалките, но е одличен. Комбинацијата на вклучено ANC и силиконските слушалки си ја има завршено работата одлично.

Доколку бучавата околу вас не е толку изразена, немате ни потреба да ја користите ANC опцијата и можете да се препуштите на уживање, бидејќи силиконските врвови се доволни.

Ние сме многу задоволни од тоа како звучат. Имаат одличен бас, а немаме замерки на ниските и високите тонови кои ги продуцираат. Супер брзи се и нема никакво доцнење при гледање на некоја серија или клипови.

Секоја слушалка е опремена со батерија од 55mAh и со едно полнење нуди 4 часови слушање на музика од со вклучен ANC, или 10 часови слушање на музика без вклучено ANC и на 50% јачина на звук.

Кутијата има своја батерија која ги надополнува батериите на слушалките додека се во неа. Капацитетот на таа батерија е 215mAh. Таа кутија се полни исклучиво преку жица преку USB C porta и кога ќе се испразни до целосно полнење и треба околу 1 час.

Поврзувањето е многу едноставно и брзо преку Bluetooth 5.2 врска. За да ги конектирате со некој Андроид телефон, не ви треба никаква апликација, но за дополнителни некои можности инсталирајте ја апликацијата Huawei AI Life. Најновата верзија ќе ја најдете на  Huawei App Gallery и може да се инсталира на секој  Андроид телефон. Исто така можете да ги конектирате и со iOS уредите, односно со iPhone, iPad или со Macbook.

ОЦЕНА

Huawei Freebuds 4i ви нудат одличен сооднос на вложено и добиено. Компактни се, моќни се, изгледаат одлично, удобни се, и имаат одличен квалитетен звук, со одлична супресија на бучавата. Што повеќе? Има уште нешто, а тоа е што се едноставни за користење, и се компатибилно со Андроид и iOS. Доволно е? За нас и повеќе од доволно!

За авторот

Mr. M