Технологија

Huawei ги поканува сите свои верни поддржувачи на глобалната онлајн премиера на новата P40 серија

Напишано од Mr. M

Глобалната премиера на новата, долгоочекувана серија Huawei P40 е закажана на 26 март (четврток), од 14 часот.

Под слоганот #VisionaryPhotography, настанот ќе се емитува онлајн и секој може да го следи на следниве линкови:

–         Официјалниот веб сајт на Huawei

–         Официјалната Facebook страна

–         Официјалниот канал на YouTube

Huawei ги кани сите свои корисници и обожаватели, заедно, онлајн, да бидеме сведоци на претставувањето на новите производи од култната P серија, создадени и ажурирани со повеќе иновации за визуелните уметници – фотографи, видео-автори, луѓе со силно изразена креативност и сите за кои креативното изразување е важен и неопходен дел од овој современ свет.

Ајде заедно да се соочиме со Huawei P40 Series!

#VisionaryPhotography

#StayConnected

 

За авторот

Mr. M