Технологија

HUAWEI го претстави EMUI10 за да обезбеди паметно искуство во сите можни сценарија

Напишано од Mr. M

За време на  специјалната конференција за развивачите на Huawei – Huawei Развојна конференција, компанијата официјално го лансираше EMUI10, заедно со новиот оперативен систем HarmonyOS. Д-р Ванг Ченглу, претседател на одделот за софтверско инженерство во Huawei Consumer Business Group, рече дека EMUI10 е пионер во распоредувањето на технолошки апликации кои даваат комплетно корисничко искуство во сите можни сценарија. Неговиот развој овозможува употреба на специфични апликации како што се аудио и видео повици во сите ситуации, разни деловни услуги помеѓу уредите и уредите за паметни автомобили. Во исто време, можноста да се развие една апликација истовремено и непречено да се спроведе преку уреди, драматично ги намалува трошоците за развој и го забрзува доставувањето на уникатно корисничко искуство во сите сценарија во иднина.

EMUI овозможува поврзување помеѓу уредите, како и помеѓу уредите и апликациите, што дополнително ги подобруваат услугите во најразлични ситуации. Тимот кој стои зад EMUI верува во отворени односи и можности за соработка, надевајќи се дека повеќе партнери и развивачи ќе се приклучат на каузата да создадат иновативно искуство во сите можни сценарија.

Д-р Ванг на крајот на конференцијата објави дека бета верзијата на EMUI10 ќе биде интерно тестирана на 8 септември со серијалот Huawei P30 и други модели, а EMUI10 ќе биде достапен во следната генерација на производи од серија Mate.

Д-р Ванг Ченглу, претседател на одделот за софтверско инженерство на Huawei, Huawei Consumer Business Group

ЕМУИ има над 500 милиони дневни активни корисници, а ноќниот режим е додаден на EMUI10

Во моментов, дневните активни корисници на интерфејсот ЕМУИ во производите на Хуавеи се над 500 милиони во 216 земји, со 77 јазици поддржани. Различни движења се остварени во последните 7 години, од 2012 година, кога беше лансиран првиот EMUI1.0. Huawei секогаш се обидува да обезбеди ажурирања на услуги на ЕМУИ и врвно искуство за сите тековни корисници. Статистиката покажува дека процентот на уредите Huawei надградени на EMUI8.0 и EMUI9.0 достигна 79% и 84%, соодветно, со што бројот на корисници се очекува да се надогради до EMUI10 да достигне 150 милиони.

Во последниве години, Huawei инвестираше многу во R&D за EMUI, така што може постојано да ја зголемува својата продуктивност и да ги подобрuva своите перформанси. GPU Turbo технологијата на Huawei ја зголемува ефикасноста на графиката за 60%, додека мрежната технологија Link Turbo им овозможува на паметните телефони да obezbedat пристап до мрежи 4G и WiFi, обезбедувајќи 70% побрза врска од две изолирани 4G мрежи. Другите иновации, како што е датотечниот систем EROFS (продолжен датотечен систем само за читање), ја подобруваат брзината на читање на податоците за 20%, додека вградениот компајлер Арк дополнително ги подобрува перформансите на апликацијата од трети страни за 60%.

EMUI10 обезбедува три важни ажурирања: UX дизајн, унифицирано корисничко искуство во сите сценарија и нов стандард за оперативна активност.

ЕМУИ10 обезбедува т.н. Темен режим, со што се зголемува нивото на визуелна удобност. Студиите за индивидуалниот фактор на човекот покажуваат дека осветленоста и заситеноста на сликата се перцепираат различно во зависност од позадината. Темниот режим го оптимизира и контрастот помеѓу текст и темна позадина, како и бојата на иконите за текст и апликацијата, при што резултатот е значително зголемена визуелна удобност.

Дистрибуираната технологија ќе ја смени интеракцијата меѓу различните типови уреди, користејќи ги нивните заеднички можности

EMUI10 има револуционерна HD технологија за видео повици помеѓу повеќе уреди. Корисниците можат да остварат аудио и видео повици каде и да се. На дојдовен повик, корисникот може да одговори со помош на паметен звучник. Во видео повик, разговорот може да се изврши преку ТВ, монитор за автомобили, па дури и со директна врска со дрон, за вашите пријатели и семејство да можат да го видат погледот од тоа. Ако сте во работна околина, можете да ја искористите опцијата за споделување на екранот помеѓу лаптоп и паметен телефон, остварена преку лесно достапен drag-and-drop.

За да се примени новата дистрибуирана технологија, хардверските способности на секој уред прво мора да бидат виртуелизирани. Со други зборови, можностите на секој уред во однос на дисплејот, камерата, микрофонот или звучникот не се базираат толку многу на самиот уред, туку на мноштво споделени ресурси. На овој начин секој уред може да ги извлече своите карактеристики или хардверската моќ од заеднички, споделен збир на ресурси и да ја сподели својата моќ со другите уреди. На овој начин различни уреди може да бидат функционално споени во еден. Huawei традиционално посветуваше многу внимание на безбедноста. Покрај функционалноста на своите производи, компанијата обезбедува и дистрибуиран безбедносен систем кој работи во сите сценарија. Значително го зајакнува системот за безбедност на уредот заснован на сопствениот хардвер и софтвер. Архитектурата на чипсет и јадрото на системот се основа за безбедност и сигурност на сите операции. Само уредите овластени од корисникот ќе можат да се поврзат со други уреди, а шифрираниот код за комуникација обезбедува максимална заштита при размена на податоци.

Апликации што се развиваат веднаш и се имплементираат на различни уреди за различни сценарија

Постојат се повеќе и повеќе разновидни паметни уреди како што се паметни телефони и паметни телевизори, а со развојот на екосистемот на апликации, бројот на уреди што секој корисник ги поседува стабилно расте. Потрошувачите сакаат да имаат слично искуство кога користат иста апликација на различни типови уреди, како и да имаат постојан пристап до низа услуги, без оглед на кој уред користат и каде се. Во овој поглед, програмерите се соочуваат со огромни предизвици во однос на различноста на уредот, јазичната разновидност и размената на податоци помеѓу различни типови уреди.

Во ерата што доаѓа, повеќе сценарија и уреди за развивачи на апликации мораа да го променат нивниот пристап. EMUI обезбедува дистрибуирани UI рамки и виртуелизирани хардверски можности. Како резултат на тоа програмерите можат да создадат апликации што се погодни за многу типови уреди, без повторно да ја прилагодуваат истата апликација.

ЕМУИ го претставува напредокот постигнат во развојот на екосистемите

Во последниве години драматично се зголеми бројот на корисници кои користат смартфони Huawei. Марката испорача 100 милиони паметни телефони само во првите 5 месеци од 2019 година, а во иднина EMUI ќе обезбеди уште повеќе апликации и поврзување преку уредите до сопствениците на уредите на компанијата.

Huawei отсекогаш се држел до идејата да пронајде можности и технологии кои им се од корист на сите, и во тој дух ги прави платформите како што се Ark Compiler и Huawei DevEco Studio подостапни за корисниците и развивачите. Компанијата има намера да работи со развивачи на софтвер и корпоративни партнери за да создаде пријатно и иновативно искуство за корисниците во сите сценарија.

Серијата P30 е прва со бета верзија на EMUI10, а наскоро ќе ја следат и други Huawei модели

Уредите од водечката P30 серија на Huawei се првите кои на 8-ми септември на внатрешно тестирање ќе бидат надоградени со бета EMUI10 верзијата, а подоцна оваа година новиот интерфејс ќе стане достапен за паметните телефони Mate 20. Ванг Ченлу најави дека EMUI10 ќе биде воведен и во уредите од претстојниот Mate 30. Повеќе информации за EMUI10 се достапни на официјалните извори на вести на Huawei.

Тимот Huawei кој стои зад развојот на ЕМУИ со нетрпение го очекува идното партнерство со развивачите и корпоративните партнери ширум светот за да обезбеди невидено искуство за потрошувачите.

 

За авторот

Mr. M