Автомобили

Huawei го претстави новиот електричен автомобил SERES SF5

Напишано од The Gentleman

На 19 април, на Меѓународниот саем за автомобили во Шангај, Huawei објави дека кинеската автомобилска компанија SERES го лансира новиот електричен автомобил со продолжена километража – SERES SF5, кој исто така ќе биде достапен во продажните места на Huawei во Кина. За прв пат, Huawei станува партнер за автомобили, во рамки на екосистемот „1+8+N“.   

„Оваа возбудлива вест е преседан и за потрошувачката електроника и за автомобилската индустрија со современи извори на енергија“, изјави Ричард Ју, извршен директор на Huawei Consumer Business Group.

Sвер од автомобил со технологија на Huawei

Главната грижа на потрошувачите во врска со електричните автомобили е поврзана со времето на полнење, а Huawei и SERES создаваат нов систем за продолжена километража. Опремен со HUAWEI DriveONE Three-in-One Electric Drive, автомобилот не само што е оптимално решение за грижата на потрошувачот за исцрпување на батеријата, туку создава и првокласно искуство. Новиот SERES SF5 нуди флексибилност со опсег од 180 км во целосно електричен режим за да ги задоволи потребите на урбаното возење и опсег од над 1000 км во режим на проширен опсег за патниците на долги растојанија. Новиот теренец достигнува од 0 до 100 км на час за 4,68 секунди. Високите перформанси се поддржани и од лесната алуминиумска шасија, предните double-wishbone и погонот на задните тркала со повеќе точки. Така, новиот SF5 е истовремено моќен, агилен и исклучително стабилен.

HUAWEI HiCar решенијата им овозможуваат на корисниците непречено менување помеѓу апликациите на нивниот мобилен телефон и централниот систем на автомобилот, добивајќи пристап до навигација, музика и многу повеќе функции насекаде, во кое било време. Музиката од паметниот телефон продолжува во автомобилот кога ќе влезете во него, а на располагање е и интерактивна говорна контрола што му овозможува на возачот целосно да се посвети на возењето. HUAWEI HiCar исто така може да го поврзе автомобилот со други паметни уреди, па патниците во него можат да вклучуваат систем за климатизација, паметен екран или друг систем лоциран во нивниот дом.

Тронасочниот аудио систем на автомобилот се состои од 11 звучници, подесени од експерти на HUAWEI SOUND. Со технологија што ја намалува бучавата во позадина, на околу 38 dB, патниците се “нурнати” во автентичен звук.

SERES SF5 исто така има режим на полнење V2V (vehicle-to-vehicle), овозможувајќи напојување на автомобили во изолирани области. Има и напојување V2L (vehicle-to-load) за да им помогне на камперите, благодарение на што тие можат да користат индукциски шпорети, музички системи и друга опрема.

Новиот модел ќе биде достапен за продажба и тест возење во флегшип продавниците на Huawei, во Кина, од 21 април.

За авторот

The Gentleman