Технологија

Huawei ја намалува испораката на своите најдобри паметни телефони

Напишано од Mr. M

Компанијата Huawei драстично ја намали испораката на своите паметни телефони од висока класа бидејќи компанијата очекува дрстичен пад на продажбата во наредните неколку месеци како последица на случувања со САД.

Според претпоставките на Huawei, падот на продажбата може да се очекува и до 60 % па тоа е најголемата причина за намалување на испораката.

Првите паметни модели кои што ќе бидат на мета се најскапите модели на брендот, P30 и Mate 30.

По забраната за соработка на американските ИТ компании со Huawei, кинескиот гигант се повеќе се труди да ја намали зависноста од американскиот пазар и да биде самостојна.

Во следниот период се очекува и компанијата Huawei да го претстави својот оперативен систем Hongmeng кој на глобалниот пазар би требало да се пронајде во 2020 година.

За авторот

Mr. M