Економија

Huawei очекува пад на продажбата од 60 % на глобално ниво

Напишано од Mr. M

Една од најпознатите кинески компании која можеше да се пофали со енормно брзиот раст особено во светот на паметните телефони Huawei, полека како да почнува да се спрема за периодот што следува. По сите мерки и забрани кои ги донесе претседателот на САД, Доналд Трамп, конечно како да почнуваат да се чуствуваат последиците во кинсексата компанија.

Според експертскиот тим на Huawei, проценките се дека продажбата на компанијата би се намалила за неверојатни 60 % на глобално ниво.

И покрај сите напори и промени кои ги прави Huawei со цел да биде понезависна и самостојна компанија, мерките кои што ги донесе САД сепак ќе влијаат во следниот период.

 

За авторот

Mr. M