Технологија

Huawei P Smart 2021 – модерен смарт телефон кој ги исполнува сите очекувања

Напишано од Mr. M

Телефоните до лани беа ултра популарни на нашите простори во сегментот на телефони од среден ранг, а најновото освежување на пазарот е Huawei P Smart 2021, модерен смарт телефон кој ги исполнува сите очекувања во зависност од ценовниот ранг.

На прв поглед, телефонот плени со својот изглед. Дизајнот е сосема пријатен, а сите површини се заоблени. Заобленоста не само што ја подобрува ергономијата, туку визуелно допринесува телефонот да изгледа потенко и поубаво.

На левата страна има порт за две нано сим картички и засебна microSD картица, а на десната страна е позициониранo копче за регулација на звукот и сензор за отпечаток на прст. На горниот дел се наоѓа секундарен микрофон, а на дното има USB C, аудио приклучок 3,5 mm, единечен звучник и главен микрофон.

Задниот дел е покриен со сјајна обвивка, а предниот дел со заштитна обвивка. Не  е водоотпорен.

Екран

Доколку преферирате телефон со голем екран, тогаш овој модел ќе ги задоволи сите ваши потреби и очекувања. Huawei P Smart 2021 доаѓа со IPS екран со 6.67″ и резолуција FHD+ 2400×1080 пиксели. Форматот е 20: 9, а стапката на освежување е 60Hz.

Острината на екранот е совршено добра, приказот во боја е пријатен за окото во живописен режим, а читливоста под агол е подобра од очекуваната. Осветленоста е добра, иако под директна сончева светлина, може да биде и подобра. Huawei P Smart 2021 ви овозможува да го прилагодите екранот со бои по ваш избор, во зависност од вашите преференции, а бидејќи станува збор за LCD, дисплејот Always On – не е поддржан.

Се отклучува практично, со потчукнување, или преку идентификација на карактеристиките на вашето лице. Екранот е простран, така што овозможува пријатно сурфање. Телефонот, иако има само еден звучник, дава пристоен волумен. Со поврзани слушалки можете да слушате и FM радио.

Камера

Еден од најбитните сегменти за повеќето купувачи, а воедно и најголемиот адут на Huawei е токму камерата. P Smart 2021 доаѓа со вкупно пет камери, што вклучува и предна камера од 8MP. На задната страна главна е позиционирана камера од 48MP (f/1.8), ултра-широк 8MP, сензор за длабочина од 2MP и макро камера од 2MP.

Примарната камера работи на добро познатиот принцип на пикселирање, каде што 4 пиксели на сензорот се компресирани во 1, така што камерата од 48MP дава 12MP фотографии. Генерално, станува збор за прилично способна камера во овој опсег на цени, што дава солидни резултати во добри услови на осветлување и прифатливи резултати во ноќни услови. Совет плус, за подобри фотографии, вклучете го ноќниот режим кога сликате навечер. Камерата со широк агол од 8MP ќе служи кога не можете да се оддалечите доволно далеку од предметот за да ја фатите целата рамка. Квалитетот е очекувано полош од примарната камера, со малку поладна репродукција на бојата и помалку детали, особено на рабовите на фотографијата. Оваа камера нема ноќен режим.

Предниот 8MP дава пристојни резултати во добри услови на осветлување, додека во потемни околности фотографиите губат во детали, што е и очекувано. На задната страна, сензорот за длабочина се користи при снимање во режим на портрет, додека целта на макро камерата е да фотографира субјекти кои се близу до камерата, односно на околу 4 сантиметри како што препорачува Huawei.

Android 10+EMUI 10-Google Play

Верзијата на Android што доаѓа на моделот P Smart 2021 е Android 10, а на врвот ја имаме EMUI 10.1. Во последните две години, EMUI се профилираше како еден од побрзите интерфејси на Android, и исто така има многу дополнителни функции за прилагодување на уредот. Системот EMUI 10 доаѓа без пристап до услугите на Google, но тоа не претставува никаков проблем, бидејќи  уредот ја има App Gallery на Huawei, чиј број се зголемува секојдневно. Може да инсталирате Google Chrome и Google Maps, кои ќе работат, но нема да можете да се најавите со вашиот профил на Google. Исто така, можете уредно да додадете Gmail во апликацијата за е-пошта и нема проблем да инсталирате апликации како WhatsApp, Instagram, Snapchat, TikTok, Twitter и дрги. А она што е одлично е тоа што сега се достапни и повеќето апликации за mBanking.

Phone Clone е одлична апликација која ќе ви овозможи пренос на податоците од вашиот стар телефон.

Перформанси и батерија

Huawei P Smart 2021 поседува Kirin 710A чип 0д 14nm со Cortex A53 / A73 јадра и графика Mali-G51 MP4. Има 4 GB RAM и 128 GB меморија на податоци, која дополнително може да се прошири со microSD картичка.

Овој телефон ви нуди одлични перформанси во секојдневието, а на него ќе можете да играте и игри како што се Asphalt 9 и PUBG.

Квалитетот на телефонските повици, Wi-Fi, мобилната конекција и GPS се и повеќе од задоволувачки.

Читачот на отпечатоци од страната е брз и сигурен, а и отклучувањето  со лице не е лошо ако има многу светлина.

Батеријата од 5000 mAh се полни со брз полнач Super Charge од 22,5 W, кој овозможува брзо полнење на батеријата, која за половина час брзо ќе скокне до 50%, а потоа ќе забави. Во секој случај, ќе имате полна батерија за нешто помалку од 90 минути. Полнењето на батеријата би требало да биде на секои два дена, во зависност од навиките.

Оцена

Имајќи го предвид ценовниот ранг во кој се наоѓа, Huawei P Smart 2021 е и повеќе од добар избор. Телефонот нуди балансирани можности, а најголемите предности се убавиот дизајн, добрата камера, како и квалитетната батерија.

За авторот

Mr. M