Пијалоци

Illy Cafe во партнерство со TerraCycle ќе ги рециклира своите капсули

Напишано од The Gentleman

Познатиот бренд за кафе Illy  склучи договор за партнерство со TerraCycle за проект со кој ќе ги собираат сите пластични капусли и алуминиумски конзерви и ќе ги рециклираат. Ова се однесува на колекцијата Iperespresso кои се користат најмногу за домашна употреба.

Ова соработка проектот го започна во Англија, Франција, Шпанија, Австрија, Холандија и Белгија.

Со ова ѓубрето или вишокот на пластика и алуминиум нема да оди во ѓубре, туку ќе се заштити средината и истите ќе се рециклираат за повторна употреба. Според статистикитена на компанијата повеќе од 175 милиони тони пластика на годишно ниво завршуваат низ ѓубриѓата.

Целта на компанијата според генералниот извршен директор на Illy Massimiliano Pogliani е да луѓето пијат кафе од капсули кои се еколошки направени.

За авторот

The Gentleman