Бизнис совети

Илон Маск: Не ги бркајте парите во бизнисот

Напишано од Mr. M

Еден од најголемите, ако не и најголем иноватор во светот, Илон Маск, познат е по неговиот животен стил. Тој има строги строги работни навики кои што ги почитува поради преголемиот број на обврски. Постојано објавуваме најразлични содржини и совети од него кои можеме да ги пронајдеме на интернет за тоа како тој го достигнал својот успех.

Тој најголемиот дел од своето време го поминува во работа, па речиси гледа да ги минимизира сите други активности со цел да може што повеќе да се посвети на неговите компании. Едно од неговите правила кои што ги следи е тоа дека не треба да ги гледаме и да ги бркаме парите во бизнисот.

Поради фактот дека тој е иноватор и работи со цел да ги промени некои работи во општеството, кај него не се најважни парите. Според него ако направите квалитетна работа или квалитетен продукт, парите сами по себе ќе си дојдат. Затоа не треба да го бркате профитот, бидејќи така шансите да се изгубите во бизнисот се доста големи.

За авторот

Mr. M