Фитнес

Имаме нов 30 дневен предизвик со склекови за вас

Напишано од Nikola

Склековите се најдобра и најосновна вежба, која никогаш не здосадува. Многумина оваа вежба ја занемаруваат и потценуваат како премногу лесна или пак како вежба која може да ја правите во било кое време.

Дали сте спремни за нов предизвик, поради кој ќе добиете воспаление на мускулите? Овој тренинг не завршува за саат време, туку е за цел месец.

 

Потребно е да направите 10.000 склекови за 30 дена, така што ќе направите 333 склекови дневно. Овој тренинг нема пауза, што го прави уште потежок. Суштината на овој предизвик е да го зајакнете горниот дел од телото, како и да ја зајакнете одржливоста на мусклулите на рацете, градите и рамената.

Дозволено е да ги правите сериите како што сакате, но ние ви препорачуваме да правите 10 серии по 30 склекови.

Доколку не сте фан на ваквиот тренинг, секогаш сигурна опција ви е фитнес справата за склекови достапна на следниот ЛИНК

За авторот

Nikola