Економија

Империја од 2 милијарди долари

Напишано од The Gentleman

Можеби никогаш не сте слушнале за човек по име Нерио Алесандри, но можеби сте користеле опрема за теретана што тој ја дизајнирал. Алесандри е основач на Техногим, еден од најпопуларните брендови за спортска опрема, со 50 милиони корисници ширум светот во 100 земји. Основана во 1983 година, компанијата се занимава со производи кои се движат од тегови до разна опрема за вежбање.

Тие обезбедија велосипеди за вежбање, тркачки патеки и други производи за неколку Олимписки игри и ќе обезбедат опрема за Олимпијадата во Токио оваа година. Тие исто така ја спонзорираа Формула 1 и фудбалските тимови, меѓу кои и А.Ц. Милан.

Компанијата моментно вреди околу 2,2 милијарди евра, а од нејзиното лансирање на берзата во Милано во мај 2016 година, забележано е зголемување од 156 % на цените на берзата.

Алесандри започна да ги дизајнира првите прототипови на неговата фитнес опрема во гаража во сопственост на семејство во близина на Чезена, Италија. Роден во земјоделска фамилија, Алесандри во својата книга „Роден да се движи“ опишува како го одгледале родители „кои немале многу пари, но кои имале многу достоинство и смирение“. Тој вели дека брзо сфатил дека парите се голем проблем за неговото семејство, така што на 10-годишна возраст започнал да им помага на родителите, работејќи попладне пакувајќи овошје во магацинот на неговиот дедо.

Набргу откако заврши средно училиште, Алесандри сакаше да изгради свој бизнис. Првично, тој го испроба својот детски сон – да стане моден дизајнер. Тој испратил писмо до легендарниот италијански дизајнер Џорџо Армани, кој отвори продавница во регионот. Но, тој никогаш не доби одговор.

Компанијата започна да работи во гаражата. Потоа се заинтересирал за светот на фитнесот откако посетил локална сала и видел дека тоа нуди само основна опрема. Гледајќи ја можноста да ги искористи своите вештини за дизајнирање, тој започнал да дизајнира опрема во гаражата на неговиот татко и во 1983 година, на 22-годишна возраст, ја основал Техногим.

Како што почнаа да се појавуваат нарачки за неговите производи, Алесандри ја напушти редовната работа. Тој наскоро го пресели својот растечки бизнис од гаража во стара фабрика за душеци, а компанијата последователно растеше стабилно.

За авторот

The Gentleman