Автомобили

Импресивната колекција на автомобили на Пол Вокер оди на продажба

Напишано од Mr. N

Ѕвездата на филмската франшиза „Fast and Furious“ Пол Вокер кој загина во 2013 година, зад себе остави импресивна колекција автомобили.

Во завидната колекција има седум BMW M3 модели, односно два E30 M3 и пет E36 M3 Lightweight примероци. Повеќето од автомобилите се тјунирани за да имаат повисоки перформанси од фабричките.

Во колекцијата на Вокер има фантастични модели од кои најстарите имаат и по 50-тина години, што е најдобар пример за неговиот исклучителен вкус.

Комплетната колекција возила на Пол Вокер што ќе биде ставена на аукција ја сочинуваат:

  • Chevrolet Nova Wagon (1963)
  • Chevrolet Chevelle Wagon (1964)
  • Chevrolet II Nova (1967)
  • BMW M3 E30 (1988)
  • Nissan R32 Skyline Race Car (1989)

  • BMW M3 E30 Coupe (1991)
  • BMW M3 E36 Lightweight (1995)
  • BMW M3 E36 Lightweight (1995)
  • BMW M3 E36 Lightweight (1995)
  • BMW M3 E36 Lightweight (1995)
  • BMW M3 E36 Lightweight (1995)
  • Ford Bronco SUV (1995)

 

 

 

За авторот

Mr. N