Омилени места

Инфо за сите кои сакаат да летуваат во Грција

Напишано од The Gentleman

Грчките власти олдучија од утре, да отворат 515 плажи на кои досега пристапот беше забранет поради пандемијата. Тоа се организирани плажи, додека користењето на дивите плажи ќе остане и понатаму забрането.

Максималниот број на посетители ќе биде 40 луѓе на 1.000 квадратни метри, минималната оддалеченост на чадорите е четири метри, додек под еден чадор може да има најмногу две лежалки оддалечени еден метар. По заминувањето на секој посетител лежалките ќе ги дезинфицира персонал, кој постојано мора да носи заштитни маски.

Рестораните и баровите на плажите нема да служат храна на масите. Тие мора да ги отстранат масите и столовите и да продаваат храна која се пакува, а гостите ќе чекаат ред оддалечени метар и половина едни од други и ќе ја подигнат храната.

На плажите се забранети алкохолни пијалаци, доставување оброци, собирање на луѓе во групи и спортување за кое е потребен физички контакт. Плажите ќе работат од 8 часот наутро.

Грчките власти на посетителите им порачуваат дека песокот, морската вода и воздухот не се проблем, а раководителите на плажите предупредуваат дека тоалетите и кабините за туширање мора да бидат беспрекорно чисти и дезинфицирани.

Патување на грчките острови речиси и нема да има бидејќи се ограничени на апсолутно неопходни, а бродските линии се максимално проретчени. Грчката влада размислува да дозволи патување на островите најблиски до Атина во Саронскиот залив веројатно од 18 мај натаму. Забраната за шатување на другите острови останува, барем до 25 мај, кога се очекува повторно да почнат да возат патнички бродови со строги санитарни мерки и со преполовен капацитет.

Од 1 јуни се очекува повторно отворање на хотелите, но само на тие кои работат цела година, а сезонските ќе започнат од 01 јули. Во иднина работењето на хотелите ќе биде во согласност со строгите насоки од Европската комисија.

За авторот

The Gentleman