Успешни приказни

Инспиративната животна успешна приказна за полковникот Сандерс на KFC

Напишано од Mr. M

Дали некогаш сте биле разочарани или одбиени од некоја работа? Па, полковникот Харланд Сандерс, основачот на ланецот на ресторани KFC , покрај сите свои неуспеси на крајот успеа да го направи светот подобро место.

Токму затоа денеска, ќе ви ја раскажеме на кратко животната инпиративна приказна за основачот на KFC, полковникот Харланд Сандерс. Успешна приказна која ќе ни покаже дека не треба да се откажуваме од нашите соништа никогаш, бидејќи ако нешто навистина силно посакуваме, можеме да го оствариме.

Сандерс е роден во 1890 година во Хенривил. Кога имал шест години, неговиот татко починал, оставајќи го Сандерс да готви и да се грижи за своите браќа и сестри. Во седмо одделение, тој излегол од училиште и заминал од својот дом за да оди на работа како земјоделец.

По неколку различни животни искуства, тој се вработил во железницата како работник. Во моментите додека работел во железницата тој учел за правото како наука. После одреден период, Сандерс бил принуден да се врати назад со својата мајка и да добие работа со продажба на животно осигурување.

Во 1920 година, тој основал компанија за фериброд преку која се обидел да заработи со производство на ламби. На 40-годишна возраст, тој започнал со продажба на пилешки јадења на локалната бензинска станица. Четири години подоцна, тој купил мотел кој што изгорел заедно со неговиот ресторан. Сепак, овој одлучен човек не се откажувал од неговите соништа и изградил и управувал со нов мотел сè до Втората светска војна кога бил принуден да го затвори.

По војната, тој се обидел да го франшизира својот ресторан. Неговиот рецепт бил одбиен 1.009 пати пред некој да го прифати. „Тајниот рецепт“ на Сандерс беше совршеното пилешко месо на KFC и набрзо стана хит. Како и да е, ресторанот што се развиваше со голема брзина беше осакатен кога друг ресторан се отвори во близина, па Сандерс го продаде својот рецепт и продолжи со неговиот сон да шири франшизи на KFC и да ангажира работници на KFC низ целата земја.

После неколку години неуспеси и несреќи, Сандерс конечно го оствари својот сон. KFC се прошири на меѓународно ниво и тој ја продаде компанијата за два милиони долари. Дури и денес, Сандерс останува главното лице во брендирањето на KFC.

На 90-годишна возраст, Сандерс починал од пневмонија. Во тоа време, тој имал околу 6.000 ресторани на KFC во 48 земји.

Со оваа приказна за полковникот Колонел Сандерс, сакаме да ви го најавиме нашиот нов проект кој што ќе го правиме заедно во соработка со ланецот за храна KFC, преку кој ќе ви ги претставиме инспиративните и успешни приказни од Македонија.

За авторот

Mr. M