Пијалоци Троши

Инспиративни барови кои треба да ги содржи секој маж во својата бакет листа

Напишано од Nikola

Кога се зборува на тема кои се најпознати барови во светот, сите делиме слично мислење. Добар бар не мора да биде познат по добрите коктели, атмосферата или пак декорацијата, туку преку уникатните сеќавања и моменти кои може да ги оствари самиот бар. За пример ќе го земеме познатиот бар во Сиетл, Тики чик кој доби награда за најдобар коктел бар во Америка,но некои луѓе не го рангираат ни во нивната листа на најпознати барови. Сега, ќе ви ги претставам најактуелните барчиња во светот кои се познати главно поради нивната уникатност и совршеност.

 

 The Alchemist, London

The Alchemist во Лондон претставува иновативен ланец на коктели кои содржи неколку барови во Велика Британија. Неговиот модерен и светол ентериер заедно со разновидното коктел мени го прават овој бар специфичен и елегантен од останатите. Покрај лудите коктели и хемиските реакции, овој ланец содржи и прекрасен ресторан кој служи прекрасна храна, но исто така е познат и по школата за обучување шанкери.

Bar Raval, Toronto

El Raval, место во Барселона познато по ноќниот живот и кабаре, претставува културно место со пријатна атмосфера кое потсетува на Bar Raval во Торонто. Кога ќе влезете во овој бар, вие одма се чувствувате како да сте транспортирани во типичен Шпански бар со иновативни чинии наредени по шанкот. Овој бар е познат по феноменалните vermouth или cherry пијалоци кои го прават овој бар интересен и специфичен.

Dante, New York

Данте е еден од најпознатите барови во Њујорк, бидејќи подолг период претставува фаворит кај артистите и познатите Холивуд фаци. На ѕидовите се наредени слики од славни луѓе како Ернест Хемингвеј, Боб Дилан, Ал Пачино кои даваат енергија на овој несекојдневен бар. Данте е карактеристичен поради познатиот негрони коктел и другите разновидни варијации на познати рецепти на интересни коктели.

Untitled Supper Club, Chicago

Овој бар во Чикаго наликува на лавиринт. Доколку влезете внатре, можете да откриете нешто движејќи се по секој ќош. Препознатлив е по живата музика и забавите кои се одржуваат пет вечери во неделата. Untitled Supper Club ги содржи најскапите Американски брендови на вискиња и имаат посебни простории каде ги складираат овие шишиња за своите редовни клиенти.

Beaufort Bar, London

Буфорт барот во Лондон е голема атракција во Велика Британија поради театричните пијалоци и елегентната декорација која дава свежина и енергија во самиот бар. Голем дел од коктелите потекнуваат од интересни, инспиративни приказни поврзани за хотелот. Уникатните вкусови и состојки на коктелите прават да се чувствувате како да сте дел од некоја приказна.

Blackwell Rum Bar, Negril

Овој бар е лоциран внатре во вулканските карпи на Негрил кои го прават ова место магично и специфично. Погледот на океан ве остава без зборови. Blackwell барот е драматичен,инспириран од познати сликари и артисти кој е исполнет со карпести клупи, столови и маси кои се наоѓаат на крајбрежјето на океанот. Претпознатлив е по специфичниот Blackwell Rum коктел.

 

 

 

 

За авторот

Nikola