Апликации

Инстаграм пораките ќе станат достапни и на веб верзија

Напишано од Mr. N

Instagram изминатите години може слободно да се каже дека стана друштвената мрежа број 1 во светот. Иако Facebook го задржува својот број на активни корисници, мрежата замислена само за објава на слики и видеа, привлекува многу повеќе внимание.

Со тоа, можноста за испраќање на пораки преку Instagram, нешто што веќе одамна го има, е нешто што е незамисливо да не постои на една ваква мрежа. Корисниците иако во главно комуницираат преку другите апликации за разговори, во голем дел комуницираат и преку директните пораки на Instagram.

Од оваа недела директните пораки почнуваат да стануваат достапни и за веб верзијата на Instagram, што значи дека корисниците ќе можат да разговараат преку оваа мрежа и од нивните десктоп компјутери.

Разговорите ќе изгледаат и ќе функционираат исто како и на мобилните, односно корисниците ќе можат да испраќаат и примаат пораки, да креираат групи на разговори, да испраќаат слики од нивниот компјутер, да лајкуваат и слично.

За авторот

Mr. N