Стил

Инстаграм профили за оние кои сакаат елеганција

Напишано од martin

Од почетокто па се до денес, Инстаграм добива се поголем број на корисници. Од совршени пејзажи, до совршени модни предлози и инспирации. Тука едноставно можете да најдете се. Сепак како што кажавме, Инстаграм е одлично место за љубителите на модата, бидејќи тука може да се најдат голем број на модни блогери кои секојдневно ги инспирираат луѓето околу светот.

Доколку сеуште барате некој кој може да ви биде пример за добар стил, тогаш еве некои профили кои веднаш треба да ги заследите.

Првиот предлог е одличен пример како да го споите класичниот изглед, со нешто што е модерно и современо. Едноставно, минималистичко и во различни бои.

Следниот дечко кој ќе го видите најмногу на својот профил има елегантни комбинации, меѓутоа често може да се најдат и кежуал варијанти.

Третиот профил за денеска е на еден дечко кој е љубител на машката мода и го покажува се она што го знае за неа. Тој работи во текстилната индустрија и тоа му дава уште толку знаење да ги одбере вистинските модни парчиња кои му е потребни.

Четвртиот лик кој ќе ви го претставиме е ТВ водител кој станал доста популарен пред се поради неговиот совршен изглед. Преку неговите елегантни комбинации, тој е инспирација за многу луѓе.

Петиот профил кој ќе го видите е доказ дека гардеробата не е само како изгледаш, туку како размислуваш, ги покажува твоите ставови и твојот целокупен стил на живот.

За авторот

martin