Интервјуа

ИНТЕРВЈУ: Радован Витошевиќ – регионален и генерален директор на мајВорлд Македонија и Бугарија

Напишано од The Gentleman

Радован Витошевиќ, регионален и генерален директор на мајВорлд Македонија и мајВорлд Бугарија, компании членки на myWorld Holdings Ltd London (corporate.myworld.com). Човек кој од свои млади години го гради личниот успех, но и на компанијата. Успешен во работата, задно со неговата сопруга ја пишуваат и книгата Будење на свеста, која претставува четиво за личен развој, и која оваа година е бестселер. Со Радован зборуваме на неколку теми, како по коронавирусот, дигитализацијата како иднина, совети за успех и други теми.

1.Кои се почетоците на Радован Витошевиќ?

Потекнувам од центарот на градот Скопје од семејство кое веќе трета генерација е познато по своите успешни бизниси или кариери. Своевремено, мојот дедо бил висок функционер во рамките на Југаславија, а моите родители водеа огромни бизниси. Беа сопственици на голема трговска компанија, фудбалски клуб и првата кладилница во Македонија. Притоа беа многу свесни и ми обезбедија најдобро можно приватно средно и високо образование, за што засекогаш ќе им бидам благодарен.

Првата работа ми беше благајник во кладилница во Т.Ц. Беверли Хилс во Капиштец. Тоа беше некаде 2000 г., имав помалку од 15 години. Од првата плата си купив Playstation, многу бев среќен и работев цело лето за да си купам повеќе игри. Бидејќи уште од мал имав пасија кон компјутерите и покажував работна амбиција, доста помагав во фирмата кај моите родители со основни секретарски работи.

На 21 година по завршување на факултетот на Универзитетот Шефилд во Солун, ја добив втората работа, како благајник во банка. На оваа позиција за искалив како човек и работник. Незнам дали новите генерации ја почуствувале таа работна атмосфера, кога на претпоставениот му се обраќавме со г-не/г-ѓо или на Вие, и требаше да го отстапиме работното место за тој/таа да седне за да не исконтролира. Работното време започнува од 7ч и 30 мин., а мора да дојдеш барем 15 мин. порано спремен на работното место. Задолжително беше одело, светла пеглана кошула, кравата со двоен чвор, бричен со жилет или обликувана брада, исчешлан со гел на косата, со манжетни на ракавите, светнати кондури. Доколку не изгледаш вака ќе ти преречат, а можно е и дома да те испратат да се пресоблечеш. На првиот ден на работа се појавив облечен како за во диско, а директорот ме погледна попреку и ми рече: „Оди во екпозитура Буњаковец ‘дупко една’, таму ќе те обучат, и купи си сместа одело”. Вака започна мојата професионална кариера. Доста скромно. Не постоеше непотизам во градење на мојата кариера. Мојот висок старт беше квалитетното образование и високото познавање на англискиот јазик, кој е клучен за напредок во мултинационалните компании. Отсекогаш бев вреден во работата, со висок индекс на ученост, дисциплиниран, со отворен ум, позитивен. Никогаш не се жалев, само посакував да успеам и го барав начинот.

Од 21 година сум свој човек кој сам се издржува и оттогаш не сум престанал да работам и да градам. Во меѓувреме се здобив со претседателската стипендија „Борис Трајковски” од Министерството за образование и наука и успеав да ги завршам и магистерските студии на Универзитетот Шефилд во Солун и Англија. Бев првенец на генерација во целиот свет.

Во мајВорлд ме регрутираа во 2012 година, првично како менаџер за финансии, а како што велат останатото е историја.

2.Како вие како директор на мајВорлд успеавте да се справите со кризата со коронавирусот, и кои се мерки ги превземавте?

Нашата компанија отсекогаш била фокусирана на градење квалитетни тимови за продажба. Продажната мрежа ја градиме скоро 10 годинии, и имаме „армија” на свесни, стабилни, мотивирани, високо компетентни и едуцирани лидери. Едукацијата во нашата компанија е на прво место, а на нашите едукативни настани, во рамките на групацијата, доаѓаат светски реномирани професионалци како што се: Тони Робинс, Ерик Вори, Др. Манфред Винтерхелер и итн. Имаме целосна онлајн едукативна платформа за секој маркетер, а и за секој вработен во рамките на администрацијата. Најважно од сè е што целата животна филозофија кај нашите луѓе се базира врз основа на личен и професионален развој. Не постои клучен човек кај нас што не работи на себеразвој и на себеусвршување.

Да одговорам на прашањето, адаптацијата во овакви околности е полесна кога имате прекрасни, високосвесни луѓе, кој целат на извонрендност, и со кои 10 години заедно сте го граделе бизнисот. Нашата платформа како што знаете е целосно онлајн адаптирана, како за добивање на кешбек (cashback) услугите, така и за водењето на бизнис од дома. Нашите маркетери беа многу вредни во изминатиов период. Направивме безброј вебинари, и со работа од дома успеавме да го задржиме нивото на работа. Веќе можевте да прочитате, многу медиуми пишуваа за нас изминатиов период дека сме една од компаниите кои беа најуспешни во воведување на онлајн платформи, бидејќи успеавме да им овозможиме на својата флота на маркетери можност за ефикасна и профитабилна работа од дома во овие несигурни времиња.

3.Дали оваа ситуација ве насочи кон некои корпоративни промени, дали можеби ве насочи кон некои нови правила?

Кога зборуваме за проблеми и предизвици, секогаш ние гледаме шанси и нови можности, наместо закани. Таков е нашиот ментален склоп. Секогаш сме спремни и флексибилни за нови промени и не чекаме на надворешните фактори за константно да се менуваме на подобро.

Најпрво како што знаете, пионери сме на пазарот во кешбек услугите. Нјадобри сме во тоа што го работиме, просто, само затоа што тоа ни е примарен бизнис во последните 17 години на светскиот пазар. Имаме преку 15 илјади трговски партнери и 15 милиони членови. Во Македонија имаме преку 1,600 партери и преку 250,000 регистрирани членови – cashbackworld.com.

Бизнисот е апсолутно ориентиран онлајн веќе повеќе години. Членовите можат да се регистрираа онлајн, да пазаруваат онлајн кај нашите трговски партнери и да добиваат предности. Во онлајн пазарувањето, изминативе неколку месеци, доста актуелен партнер од локалните беше Рептил Маркети (marketonline.mk), а најголеми онлајн партнери во Македонија ни се Booking.com, AliExpress, Alibaba.com, Hotels.com и итн. Секоја фирма која има онлајн продавница и сака да ги таргетира нашите членови, може да ни се приклучи веднаш и да биде изрекламирана пред илјадници купувачи низ светот. Апликациите се поднесуваат на partner.cashbackworld.com.

На почетокот нудевме бесплатна кешбек картичка и оригинални кешбек ваучери, но низ годините сфативме дека иднината е во онлајн бизнисот и мобилните апликации. Денес не ви е потребна физичка картичка, затоа нудиме бесплатна мобилна апликација – Cashback APP, со која секој член бесплатно добива виртуелна кешбек картичка и можност за враќање пари при секое купување, а притоа собраните средства може да ги искористите за т.н. електронски ваучери (eVoucher). Ова е наш оригинален производ кој го револуциониравме на пазарот, а истиот може да се искористи кај големите ланци како што се: Веро, Тинекс, Систина, Рептил, Спорт Вижн, Спорт М, Електрометал и итн. Значи зборуваме за комплетно онлајн, односно мобилно решение.

4.Според вас, коронавирусот ги помести речиси сите аспекти на нормалното функционирање, и се одрази психолошки на луѓето, како да се мотивираме во ваква ситуација?

Секоја промена во општеството започнува индивидуално и се шири низ колективната свест. Многу е важно да работиме на себе и нашиот личен и духовен развој за да можеме да останеме во вакви околности силни на телесно, ментално и духовно ниво. Најпрво треба да се разбудиме и да се однесуваме смирено, трезвено и одговорно према себе, а и према останатите околу нас. Да ги почитуваме мерките за заштита и превенција на корона вирусот COVID-19, а со тоа да и кажеме на нашата потсвест дека веќе сме безбедни од таа работа и дека не постои несигурност.

Следно треба да се свртиме према себе си и да си посветиме квалитетно внимание. Обично во нормалните услови сме повеќе свртени према другите и се водиме по некакви цели, и кога ќе ги достигнеме одиме на следните. Никогаш не е доволно и никогаш не успеваме да си посветиме доволно квалитетно внимание.

Ова е одличен период да се посветиме на личниот развој, да прочитаме некоја книга која може да ни помогне во позитивната промена. Имаме време и можеме да вежбаме фитнес во домашни услови. Можеме да ги правиме работите кои ги сакаме, и тоа е доволно да ни ја крене енергијата и да не држи мотивирани. Кога ги правиме работите кои ги сакаме, нашата емоција и енергија е секогаш на високо ниво. Сега е времето да креираме нови нешто, да направиме револција за себе и за нашето општество.

Јас на пример го правам сево ова, и дополнително сакам да готвам, да гледам некоја комедија на Netflix, да пејам, да свирам гитара, да играм со кучето. Освен да читам сакам и да пишувам, и сè ова ми ја одржува вибрацијата на високо ниво. Со години не гледам вести или регуларна програма, потребните информации секако ќе дојдат до мене, но се заштитувам од „погрешното програмирање” што медиумите ни го нудат.

Мотивиран сум, ментално, духовно и телесно сум силен како никогаш до сега!

5.Со оглед дека вашата компанија е меѓу првите кои се целосно концентрирани на дигитализиација и онлајн пазарувањето, какови се вашите пораки за компаниите и на што да се насочат во периодов? Дали постојат бариери во онлајн индустријата?

Без разлика дали се работи за голема или мала компанија, или физичко лице, најпрво мора да сфатите дека светот и економијата, поготово микро економијата која е повеќе видлива за нас, сè се менува. Работите се тотално сменети од оние информации кои ни беа пласирани на светските факултетите за бизнис и економија пред 15 годни, а да не ги споменуваме македонските школи кои не се компетентни на ова поле, просто поради тоа што ниту една компанија, или национален економски индикатор од оваа земја не котира во светот. Затоа луѓето ги посочуваме на странска, далеку повеќе компетентна едукација во полето на бизнисот и економијата. Ова го предлагам и за останатите компании да го прават.

Доколку компаниите се тврдоглави и не сакаат да ја променат парадигмата во врска со нови трендови и да го менуваат начинот на работа со нови извори на приход, нема да опстојат долго. Оној кој не се менува – брзо “умира”. Ова не е ништо ново, но сега е многу изразено и е очигледно. Македонските компании имаат голема среќа што сериозните светски играчи не се заинтересирани за ова мало пазарче и не се приморани да се менуваат често согласно светските трендови. И за жал, не постои доволен притисок према институциите за бизнис иновации.

Постојат неколку бариери кои треба да се надминат. Се соочуваме на пазарот со економски, правни, и културолошки, односно социјални бариери.

Најпрво, овој наш пазар не е ориентиран према барањата на фирмите и клиентите од светскиот пазар. Со други зборови не можеме да извезуваме ниту памет ниту технологија, а ниту можат странските компании да дојдат кај нас поради правните бариери. Според мене, треба хитно да се најде начин да им се отворат границите на меѓународните фирми, кои сè повеќе се спречени да дојдат поради погрешно толкувани европски закони преземени од други држави. Не знам колку е јавноста свесна, но само минатата година си заминаа или се откажаа од инвестирање огромен број на странски компании. Затоа апелирам до властите, да седнат на разговор со „Big 4”: KPMG, PWC, Deloitte и EY, со цел да добијат повратна информација за тоа што се случува на пазарот и зошто странските фирми се недобредојдени во нашата држава, да се најде начин за соработка и да им се дадат нови инструкции на иснтитуциите. Не е задача на државниците да штитат поединечни интереси и да поддржуваат монополисти, нивната задача е да овозможат либерализација на пазарот во сите индустрии и слободна економија.

Второ, ја споменавме онлајн трговијата. За да имаме ефективни онлајн трговци, мора да постојат и компании кои професионално се занимаваат со достава со цел да се опслужат барањата на онлајн продавниците. За жал не постои таква фирма во држата, која професионално се занимава со достава на производи. Сите компании кои во моментот тоа го работат се нецелосни и недоследни. По мене, првата компанија која ќе направи успешен бизнис модел за достава ќе им овозможи на онлајн продавниците да се издигнат во мултимилионски бизниси. Алтернативата на ова е да велзе на пазарот странска компанија и да преземе, како што е случајот во многу сектори.

Трето, македонскиот народ е неедуциран во однос на онлајн трговијата. Треба да се организираат обуки и пропагандни програми со цел да се промовира онлајн трговијата. Се додека луѓето имаат прастари барања, како на пример: „Може ли на врата да платам” или „Може ли нарачка преку инбокс” ги тераат фирмите да работат со древни методи и ја спречуваат дигитализацијата кај сите бизниси, банки или институции кои сакаат да растат, автоматизираат и дигитализираат. Јас лично сум против задоволување на барањата на клиентите од овој поглед, туку сум со став за онлајн плаќање, а доставата треба да се наплати како услуга од дополнителна вредност и да биде квалитетна. Пробајте на Amazon или на AliExpress да направите нарачка во инбокс!

Четврта бариера која јас ја гледам е немањето избор за светски платежни интеграции во државава. Трговците немаат можности за интегрирање со најдобрите онлјан процесори на трансакции во светот, како што се: PayPal, Stripe, 2Checkout, Authorize и итн., а да не зборуваме за домашна компанија која дава вакви услуги надвор од банките. Според мене државата не треба да ги штити банките, туку да го либерализира пазарот за онлајн и картично работење.

Препорака до сите купувачи и продавачи е што поскоро да започнат да користат онлајн услуги и да се адаптираат на новите светски трендови. Купувачите и продавачите мора да инсистираат за плаќања со виртуелни платежни картички, PayPal, Apple Pay, како и можности за плаќање со крипто валути. Потребен е притисок врз институциите каков што не виделе до сега!

И последна бариера е немањето можност за продажба на странски пазари поради царини и давачки. Македонските компании работат со ниски стандарди, бидејќи не се во можност да работат малопродажба со испорака во соседните земји, а со тоа да се претворат во меѓународни бизниси.

6.Колку дигитализацијата може да го промени светот на подобро?

После втората светска војна се случила глобализација, и притоа засилување на меѓународна размена во културата и храната, отворање на границите за патување, издигнување на бизнисите за транспорт и врски, како и олеснување во меѓународната трговија на производи и услуги. И тоа било револуција за денеска да ни изгледа нормално. За жал, ние како држава уште не ги осеќаме олеснувањата од пред 70 години кој светот ги ужива. Никогаш не ми било јасно од кои причини се изолираме, и зошто мислиме дека треба да се заштитиме од земји кој можат да ни служат за пример во бизнисите. Со тоа размислување останавме овде да работиме за Австриски, Турски, Грчки, Германски и други странски газди, а наши високообразовани луѓе бегаат во странство и отвараат фирми во други држави, а увоз на странски екперти немаме.

Бидејќи извоз не сакаме да работиме како држава, и секогаш билансот ни е во дефицит, односно повеќе увезуваме отколку што извезуваме, а тоа значи дека ништо не продаваме, дигитализацијата е движење кое ни овозможува нас бизнисите со услуги да излеземе од нашите граници и да се насочиме на светскиот пазар. Можеме да работиме онлајн, да се поврземе со некого во странство, на пример во Америка, Велика Британија, Германија, или Австралија, и глобално да делуваме. Можеме да отвориме онлајн бизнис и да нудиме услуги низ целиот свет. Да избегаме од неразбуденоста и излоцаијата која толку многу ја сакаме.

Многу се радувам што генерално можеме да користиме услуги од светски реномирани, иновативни компании како што се: Apple, Microsoft, Netflix, Google, Instagram, YouTube, Facebook, и други. Од друга страна пак, поради нашата изолираност како земја и бариерите кои ги наведов, тешко можеме да извезуваме или пак да увезуваме. И поради тоа, нецелосно, или воопшто не можеме да ги користиме услугите од некои глобални фирми како што се: Amazon, Revolut, AliExpress, PayPal, Uber, Shopify и слично.

Согласно statista.com (2019), во 2003 година имало 6.3 милијарди луѓе на планетата и 0.5 милијарди уреди како што се: паметните телефони, таблетите, дектоп компјутерите, лаптопи и слично, а активни луѓе кои ги користеле овие уреди биле 0.08 милијарди. Тоа се само 1.2% од луѓето кои биле дигитализирани. Во 2007 година веќе во светот имаме повеќе уреди отколку луѓе, за подоцна во 2010 година имаме 12.5 милијарди уреди на 6.9 милијарди луѓе. Тоа се повеќе од 2 уреда по човек, а активни биле 1.8 милијарди луѓе или 26% од светската популација била дигитализирана. Денеска има околу 7.7 милијарди луѓе на планетата, 30 милијарди активни уреди на 3.9 милијарди активни дигитализирани луѓе. Ова значи дека пола од светското население е дигитализирано. На база на овие информации јас би градел бизнисот. Толку е очигледно!

Кога веќе сите имаме по два телефона, и минимум еден лаптоп дома, зошто да не го искористиме тоа за бизнис, а не само за постирање и шерување глупости на социјалните медиуми. Јас лично сум инволвиран во повеќе компании, во три земји, и сите компании работат исклучиво онлајн со големи услеси.

7.Што е она што навистина ве прави посебно горди во целата работа? И на што би ставиле најмногу акцент кога се работи за успехот кој го носите?

Најмногу сум горд на прекрасниот тим кој го имаме, како во канцеларија така и на терен. Без нив не би бил успешен, а ниту ќе постоеше мајВорлд компанијата каква што е. Горд сум што уште од почетоците заедно градевме и секогаш успевавме заедно да ги надминуваме предизвиците. Нашето мото е ЗАЕДНО СМЕ СИЛНИ и сите веруваме во тоа!

Среќен е оној човек кога ќе пронајде луѓе кој се подобри од него, а таква е мојата ситуација. Опкружен сум со високо мотивирани, лојални и компетентни луѓе, и без сомнеж го имаме најдобриот тим за продажба во државата, и тоа ме прави исклучиво горд.

8.Напишавте книга која стана четиво за личен развој заедно со вашата сопруга Катерина Ангеловска. Како се роди идејата за оваа книга?

Со Катерина сме скоро 15 години заедно и откако се познаваме и двајцата сме на патот на личен и духовен развој. Долго време сме посветени на самоедукација, читање книги од таа област, посетување на светски семинари. Јас лично сум имал доста ментори во мојата кариера на кој сум им животно благодарен за сето знаење што ми го предале. Пратиме и доста светски познати имиња и екперти од оваа област кои на некој начин ни се исто така ментори. Имаме традиција дома на практикување разни техники, како на пример: медитација, позитивни афирмации, реики, молитви и слични принципи за развивање на умот и духот, и механизми за себеспознавање кое е клучен фактор за успех.

Своевремено се почувствувавме дека имаме многу валидни информации и огромно искуство во нас коеј можеме да го споделиме, а со тоа да им помогнеме на многу луѓе околу нас, а и во светот, да си го разубават животот преку користење на принципите кои ги препорачува нашата книга Будење на свеста. Таа, пред се, претставува комплетен водич за лична и колективна преобразба.

Книгата е издадена од страна на Издавачка куќа Паблишер во февруари 2019 година, и оттогаш се продадоа илјадници копии само во Македонија, а со помош на дигитализацијата, онлајн маркетингот и онлајн продажбата, стана најпродавана книга во македонија за месец април и сеуште се бара. А согласно анкетата реализирана од страна на meta.mk исто така е и најпопуларна книга кај младите. Но најмногу ми е драго што луѓето го препознаа квалитетот кој го нуди оваа книга, а тоа можеме да го видиме преку импресиите и пораките кои ги добиваме со Катерина на дневно ниво. Навистина се позитиви и ни го исполнуваат срцето. Уште на почетокот рековме: „ Доколкуе успееме само на еден човек да му помогнеме со оваа книга нашата мисија ќе биде исполнета”. Мислам дека не сме ни свесни колку животи сме промениле на подобро. Резултатите ќе излегуваат на површина во наредните месеци и години.

Книгата чини МКД 400 и може да се набави во книжарници ТРИ, budenjenasvesta.mk, katerinaangelovska.mk, kniga.mk, Friday Shop, како и во сите книжарници, маркети и бензински пумпи низ државата.

9.Книгата ја преведовте на англиски јазик и ја пласиравте на светскиот пазар. Какви се вашите очкувања?

Најпрво книгата беше испромовирана на светскиот саем за книга во Франкфурт минатата година, кој е најголемиот саем во светот. И сето тоа беше убаво искуство. Но, повторно благодарение на дигитализацијата, книгата Awakening Consciousness е поставена на сите најголеми светски платформи за книги, а исклучиво ни беше важно да е достапна на Amazon. Многу е полесен животот кога ја има книгата достапна во eBook или еКнига на англиски јазик за целиот свет. Ни дава можност конечно да извеземе наш продукт, наше знаење и наш памет. Време е да бидеме и ние препознатливи во светот, а токму тоа се случува сега. Книгата зема светски замав.

Влеговме во овој проект доста храбро, без реални очекувања, но со моја тлеечка копнеж дека ќе го освоиме светот. Книгата полека но сигурно се пробива. Во моментот станува популарна во Индија, каде што добивме неколку врвни критики од критичари на книги. Исто така како автор гостував со предавања на оваа тема на меѓународни вебинари и бев повикан на американски „podcast” емисии. Нашата копнеж е книгата да стане светски популарна, бидејќи навистина веруваме во неа и во моќта која таа ја содржи во себе.

10.Според вашето искуство кое го споделивте во книгата која стана бестселер оваа година, и стана четиво за секој, што од ваше искуство треба да влијае најмногу на нормализирање на работите и враќање целосно во полн ек?

Разбуденоста и свесноста кај луѓето е единствено клучна за нормализирање на ситуацијата! За жал ова што го сведочиме ни кажува дека живееме во нереализирано општество, каде што преовладува игнорантност.

Најпрво општеството треба да разбере дека не ни е потребен лидер, влада, министер, родител, пријател, роднина, медиум или експерт да ни каже што треба да правиме во животот. Секој од нас е сопствен лидер и креатор на сопствениот живот. Ние самите имаме моќ да носиме одлуки. Но, согласно каква одлука ќе донесеме денес, таков колективен резултат ќе имаме утре. Затоа треба да  донесеме одлука да седиме дома и да избегнуваме контакт со луѓето! Многу е едноставно сега да си нарачаме онлајн се што ни е потребни, како на пример храна и основни залихи за домаќинство. Потребно е да бидеме дисциплинирани и да издржиме неколку месеци.

Пожелно е сите да си ја повторуваат следнава реченица: „Одговорен сум за себе и за другите околу мене”. Можеби на тој начин ќе успееме да сфатиме како општество дека треба одговорно да се однесуваме и дека сè зависи од нас самите. Закачени сме сите на една колективна свест, и сме едно. Не е лесно да ја промениме колективната парадигма и да натераме 8 милијарди луѓе да ја повторуваат оваа реченица, но лесно е да ја промениме својата. И возможно е да се издвоиме и да бидеме пример! Нерелевантно е дали некој ќе не сака или не, и што мисли комшијата за нас. Луѓето треба да се фокусирани да се заштитат себе си, а со тоа да ги заштитат оние кои ги сакаат. Нашата цел како битија е да сме љубов и да даваме безусловно, а не да земаме животи!

11.Вашата сопруга Катерина Ангеловска е и мотивациски говорник. Дали можете од неа да споделите некое искуство или зборови со кои вие се мотивирате?

Ние како пар се надополнуваме и заедно ги победуваме сите предизвици во животот. Секогаш се мотивираме еден со друг и секогаш се предизвикуваме. Најмногу ме мотивира кај неа што е оригинална и што природно зрачи  љубов према сите, и секогаш има разбирање. Нејзината енергија ги плени луѓето. Морам да кажам дека не постои покомпетентно лице во Македонија во областа на духовниот развој.

Доста ја ангажираат големи компании да работи на развојот со вработените, а со тоа таа успева да ја зголеми продуктивноста кај истите. Целта ни е на секој човек да му помогнеме да достигне ниво и чувство на исполнетост и реализираност. Исто така имаме редовни клиенти кои не посетуваат во центарот за духовен развој – Космик Центар, на ул.Орце Николов во Скопје. Стотици луѓе ги имаат посетено и сеуште ги посетуваат нејзините познати сесии на водечка медитација. Ова сè е нејзино достигнување кое мене секојдневно ме мотивира.

Јас бидејќи во тој дел не сум многу инволвиран, можам само да кажам, вака отстрана гледано како посматрач, дека кај неа влегуваат луѓе со грижи и проблеми, а излегуваат битија кој се насмеани и со леснотија се соочуваат со сите предизвизи во животот. Секогаш до себе ја држам нејзината прва книга, 333 Аформации која е збирка на позитивни афирмации кои го менуваат начинот на размислување и помагаат за сопствено репрограмирање на умот, духот и телото. Најомилената афирмација од таа збирка ми е следнава: „Јас прифаќам дека сум неограничено битие и можам да постигнам сè што ќе замислам”. Со повторување на реченицава секојдневно се мотивирам и го прифаќам како нова реалност.

Треба навистина да посетите еден од нејзините семинари и ќе видите за каква лична промена станува збор. Резултатите кај луѓето се феноменални, а посебно кај скептичните.

За авторот

The Gentleman