Психологија

Ириртирачки карактеристики кои им пречат на колегите

Напишано од The Gentleman

Колегите со неподносливи особини можат и тоа како да ви ја нарушат рамнотежата на работното место, но и надвор од него. Станува збор за луѓе кои се одликуваат со цела низа иритирачки карактеристики поради кои во најмала рака не се омилени помеѓу колегите.

Дали можеби и вие имате некои од тие карактеристики?

Неуредни колеги

Како изгледа вашиот работен ден? Дали редовно одржувате лична хигиена, ја менувате ли облеката редовно? Дали вашето биро е натрупано со смет и куп хартија? Дали воопшто сте го избришале работното биро? Дали редовно се туширате, бричите?

Јас, јас, јас…

Обидете се да се сетите за што сте разговарале со колегите за време на паузата или на пијалак по работа. Дали речиси секоја реченица ви почнувала со „јас“? Никој не сака луѓе кои постојано зборуваат за себе и постојано ги прекинуваат разговорите на другите за да кажат нешто за себе.

Секогаш добри, секогаш услужливи

Дали и вие можеби сте личност која постојано клима со главата кога и зборува шефот, но и другите колеги? Дали секогаш сте први со полна уста пофалби за шефот? Дали насекаде го фалите? Ја користите ли секоја можност за да му се насмеете и да поразговарате со него?

Душкало

Постојат личности кои постојано „душкаат“ околу себе. Тоа се оние луѓе кои ви приоѓаат од зад грб додека разговарате со некој други почнуваат да ве испрашуваат – кој, што, како, каде – иако тоа нема никаква врска со нив.

Непристоен

На прв поглед непристојните личности може да делуваат шармантно, но со време нивната непристојност почнува да иритира. Зборуваме за личности кои без проблем ќе земат парче храна од вашата маса без прашање или кои ќе послужуваат со колачите од вашата фиока.

За авторот

The Gentleman