Мода

Исчистете го гардероберот од овие работи

Напишано од The Gentleman

Често кај секој маж во гардероберот постојат работи кои што не ги носи и не се повеќе во мода. Тие обично ни одземаат голем простор од гардероберот. За да имате повеќе простор и за да направите место само за оние работи кои ви се навистина потребни, денеска се одлучивме да ви претставиме 5 работи кои треба веднаш да ги исфрлите.

Старомодните костуми

Ако имате некои стари костуми или пак премногу шарени, тогаш веднаш решете се од нив.

Маичка со V

Ако имате маици со V, тогаш слободно може да се решите од нив, или пак да ги искористите за нешто друго, бидејќи тие веќе дефинитивно не се во мода, а се прашуваме и кога биле.

Тесни фармерки

Мажите со тесни фармерки на никој несе привлечни, затоа трудете се да носите фармерки кои ќе бидат слим ама и не премногу тесни и нема да прават да изгледате како да носите хеланки.

Бели кошули со црни копчиња

Белите кошули одат со бели копчиња, но никако не одат со црни копчиња. Можете слободно да ги користие за крпи или да ги фрлите.

Јакни од еко кожа

За овие јакни дефинитивно нема место во вашиот гардеробер.

За авторот

The Gentleman