Нега и одржување

ИСТРАЖУВАЊЕ: Дали ќелавите мажи се попривлечни?

Напишано од Mr. M

Со години, ќелавоста придонесуваше за ниско ниво на самодоверба, вознемиреност и депресија кај мажите како и трошење тон пари во надеж дека ќе го променат или забават процесот или ќе ги сокријат ефектите од опаѓањето на косата. Но, погодете што? Тоа веќе не е така, вели Д-р Френк Музаркала од Универзитетот Бери на Флорида.

Тој направил истражување на група мажи поделени во 4 категории според физичка привлечност, агресивност, смиреност и социјалната зрелост, оценуваќи се од искреност до интелигенција и социјалниот статус. Тестот го правеле мажи поделени во 2 групи од кои едната група анализирала фотографии на мажи со коса, а другата исти фотографии на истите мажи на кои косата им била тргната дигитално.

Image result for bald men

Резултатите покажале дека, генерално, повеќето луѓе од групите ги сметале ќелавите мажи како поискрени, интелигентни и посилни. И со оглед на тоа што некои од најбараните мажи во Холивуд се ќелави ( како Џејсон Стетам, Брус Вилис и Двејн Џонсон ), не е ни чудо зошто студијата исто така покажала дека ќелавите мажи се посекси и помажествени.

За авторот

Mr. M