Според последните информации кои успеавме да ги најдеме, италијанската влада решила трговските центри да не работат во недела. Сигурно се прашувате зошто? Главната причина за оваа одлука е поради тоа што тие сакаат да ја зачуваат традицијата на семејното собирање во недела.
Овие ограничувања би важеле за најголемите продавници и за време на државни празници. Според премиерот, Ди Мајо преку оваа одлука вработените нема да бидат принудени да работат постојано, но според трговците ова и не е баш правилно решение.
