Нега и одржување

Италијанскиот креатор на парфеми Paolo Terenzi во Македонија, ексклузивно пред македонската јавност ги промовираше своите брендови

Напишано од Mr. M

Paolo Terenzi, италијанскиот креатор на Tiziana Terenzi и V Canto кои се дел од Niche парфемите, вчера пред очите на македонските блогери, тв лица и медиумипокажа како ги создава неговите парфеми.

Промоцијата беше замислена и реализирана како интерактивна работилница, еден вид мастер час со присутните гости.

Paolo Terenzi преку комуникација ги запознаваше и за секој од нив, креираше парфем кој одговара на неговиот карактер.

Неговата филозофија е дека убавината треба да биде компонирана. Преку начинот на кој ги промовира парфемите, ја раскажува семејната историја и традиција, на која што е многу горд, истовремено, делумно го открива процесот на создавање на крајниот производ, мирисот кој претставува ново сензорно искуство на неговите гости.

Приказната на брендот Tiziana Terenzi почнува од 1968 година, но истoријата на создавање мириси датира многу порано, кога Guglielmo Terenzi и Lugia Mancinin Terenzi го основале семејниот бизнис, кој го наследува таткото на Paolo Terenzi, Evelino. По неговата смрт, традицијата за создавање на парфеми ја продолжуваат Tiziana Terenzi, која е дизајнер на целиот имиџ на брендот и Paolo Terenzi, кој е креатор на сите мириси во овој бренд.

Секој парфем е изработен од природни состојки, многу внимателно одбрани за време на сите негови патувања. Во неговата библиотека на мириси, има од 200 до 300 кои ги употребува постојано, правејќи нова компзоција на мириси на кои никој не останува рамнодушен. Во 2012 година, заедно со неговата сестра Tiziana создаваат нивни лиценциран бренд, а во 2014 година еден од брендовите беше номиниран за престижните Fifi Awards.

Брендовите Tiziana Terenzi и V Canto можете да ги најдете во парфимеријата Аnabella во хотелот Мериот во Скопје.

За авторот

Mr. M