Интервјуа

Ивица Јанев: Стресот кај деловните луѓе се победува со квалитетен тренинг

Напишано од Mr. M

Секојдневието на деловните луѓе е стресно и бара многу труд и постојана работа без прецизно одредено време. Тоа само по себе си повлекува и бара здрав начин на живот за самиот организам да има енергија да го издржи темпото.

Токму поради ова тие постојано си наоѓаат изговори дека немаат време за себе. Сепак, фитнес инструкторот Ивица Јанев го вели спротивното – мора да повлечат црта и да најдат време за здрав начин. Со тоа ќе изгледаат подобро, ќе се чувствуваат подобро но и ќе остварат подобри резултати на работа.

Ивица, колку стресот го „јаде” човечкиот организам и му ја црпи енергијата?

Ивица Јанев: Староста кај еден човечки организам не се определува со години туку врз база на три фактори: срце во мирување, масти во телото и стрес. Срце во мирување и масти во телото се мерливи фактори додека стресот не е мерлив со ниту еден апарат туку е одраз врз нашето тело. Бели влакна, сува кожа, брчки по лицето, пад на хормони а воедно и пад на мускули. Стресот е обратно пропорционален со квалитетниот живот. Секако има начин како да се менаџира, а еден од тие начини е и соодветен тренинг.

Каква програма им препорачуваш на луѓето кои се ограничени со своето време во текот на денот?

Ивица Јанев: Секоја моја програма е индивидуална и се мерат повеќе параметри, како за исхрана така и за вежбање. Во однос на исхраната адаптираме нешто што е лесно за приготвување или опција за ресторан, како и замена за оброк шејк или производ од „Профит“ адаптиран на нивниот план за исхрана. Луѓето на раководни функции комплетно се зафатени и ограничени со време, па на овој начин ние ќе ги покриеме вистинските нутриционистички потреби наменети за таа индивидуа. Вториот дел се однесува на вежбањето и овде секогаш наидуваме на одговор дека немаат време, но многу сакаат. Би сакал да ги прашам дали тие се позафатени од Американскиот претседател? Секој Американски претседател има тренинг и тоа секој ден вклучувајќи го и Трамп. Сепак, заради ограниченост со времето, јас им предлагам најчесто наутро пред работните обврски да го започнат денот со body exercise workout преку што повторно ќе го запознаат своето тело, ама на еден поинаков начин и воедно ќе создадат навика за здрав живот. На овој начин нема простор за изговори, туку има простор само за резултати. Покриен е делот за храна и делот за тренинг. Добредојдовте во светот на здравиот и квалитетен живот.

Кардио вежбите се важни за стресот, како му влијаат на човекот?

Ивица Јанев: Кардиото го тренира срцето, самото име ни кажува, така што помага за намалување на стресот и намалување на мастите во телото. Мора да се внимава кардиото да е соодветно прилагодено на индивидуата и крвниот притисок и неговото срце во мирување за да се постигнат саканите резултати бидејќи погрешното кардио може да даде контра ефекти и разочарувања кај индивидуата.

Колку часа во неделата се потребни за да се види разлика и внатрешно и надворешно?

Ивица Јанев: Тоа ќе го определиме според моментална состојба и процентот на масти во телото преку пресметка на нивната потребна и идеална килажа и процент на масти. Секако вежбањето се препорачува од 3 до 5 пати неделно. Кај секого е индивидуално и е потребно да се земат предвид повеќе параметри на приватен и професионален план сè со цел успешно да се адаптира и воспостави убав мозаик кој ќе придонесе за квалитетен и здрав живот.

Како може сето ова да се регулира преку исхраната?

Ивица Јанев: Успехот се должи во предвреме подготвената храна. Најдобро е да биде зготвена во домашни услови а дури како втора опција тоа да биде ресторан, но не било кој. Секако тука спаѓаат и заменските оброци и шејкови кои од една страна се лесни за приготвување или се веќе готови а воедно го забрзуваат метаболизамот. Како тренер работам со „Профит“ и ги препорачувам нивните производи за овој профил на луѓе. Производите се вкусни а здрави, воедно и богати со протеини и останатите состојки кои се потребни за една хомеостоза на здрав организам. На овој начин се олеснува исхраната и секогаш сме подготвени за здрав оброк и ги имаме сите потребни нутриционистички вредности.

Каква исхрана треба да изберат оние кои немаат услови да готват туку веќе консумираат брза храна?

Ивица Јанев: Изборот треба да биде секако што помалку солена храна, да избегнуваат пржена или похована храна со разни преливи. Потребно е да се насочат кон брзоваречка храна по можност приготвена на скара или пареа односно обарена или печена. Секогаш да имаат во своето мени морска храна вклучувајќи ја рибата, како и да изберат пилешко пред црвено месо. Секогаш во порцијата да има обарен или свеж зеленчук односно салата без сирење и балсамико, по можност да користат јаболков оцет.

Дали прекумерното консумирање на кафе има негативно влијание и дали чајот е подобра опција?

Ивица Јанев: Секоја навика може да се искорени, само прашањето е колку навистина сте подготвени да го сторите тоа. Придобивките од чајот се далеку подобри, го хидрира телото додека кафето го дехидрира телото.

За авторот

Mr. M