Луксуз

Јахта со која може да го поминете целиот свет

Напишано од Mr. N

Брендот Oceanco ги импресионираше посетителите на саемот во Дубаи, каде што го прикажа својот спектакуларен брод наречен Esquel.

Овој величествен експедициски брод е наменет за авантуристи и сите останати луѓе кои во себе имаат доволно храброст да крстарат до најдалечните места на светот, уживајќи во својот комфорт и луксуз.

Esquel бродот е дизајниран од страна на Timur Bosca и Gina Brennan, кој го содржи најмодерниот дизел-електричен погон на брендот Lateral. Исто така, овој брод има импресивен опсег од 7.000 наутички милји при брзина на крстарење од 13 јазли, овозможувајќи влез до секоја можна светска дестинација.

Како прав дом на вода, Esquel претставува супер-јахта која нуди интересен, топол и удобен ентериер, како и одличен машки екстериер што го прави овој брод различен од останатите.

За авторот

Mr. N